По невремето за прв пат се огласи МАЈКАТА на Град Скопје: Данела Арсовска откри интересни работи

И.К. – Не копирај.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска доцна вечерва даде изјава за медиумите, за прв пат по невремето кое го погоди Град Скопје.

-Скопје се соочи со страшно невреме, чии што штети ги видовме сите. Кризниот штаб беше свикан теренски и работиме на терен и ќе работиме се додека не бидат отстранети сите штети кои ги имаме, вели Арсовска

-Верувам дека и морам да истакнам голема благодарност до сите јавни претпријатија кои се дел од овој Кризен штаб, како и Противпожарната бригада кои спасија 20 лица од оваа поплава.

-На десетина локации беше интервенирано и имаме спасено 14 лица под Скендербег плоштадот, а исто така имаше и луѓе под дрвја, кои беа спасени од Противпожарната бригада.

-До овој момент немаме дополнителни информации за нови невремиња, имаме соработка и со МВР, кои навремено ги затворија улиците каде граѓаните не треба да се движат, заврши Арсовска.

Полициски службеници извлекуваат заглавени возила во Скопје

Полициски службеници во координација со другите институции им помагаат на граѓаните во Скопје по големото невреме.

Се извлекуваат заглавените возила од подвозниците кај хотелот Александар палас, кај Континентал и кај стоковна куќа Мост.

Интервенира и службата за итна медицинска помош. За МИА информираа дека добиле пријави за повредени граѓани, но оти засега не се евидентирани посериозно повреди.

Поплавени улици, паркинзи, подруми, многу откорнати дрвја, паднати билборди и луѓе заглавени во своите автомобили остави зад себе невремето кое го зафати главниот град. Градоначалничката Арсовска свика итен кризен штаб. Екипите на ЦУК се на терен, засега нема информации за настанатите штети.

Хаос во Скопје предизвика невремето кое го зафати градот и околината во попладневните часови.

Поплавени улици, паркинзи, подруми, гаражи, многу искршени дрвја и билборди, но и заглавени луѓе во своите автомобили – ваква е сликата во главниот град по невремето кое беше проследено со пороен дожд, град, грмотевици и ветер.

Четири автомобили од кои во еден се наоѓале и деца останале блокирани кај кружниот тек кај хотелот Континентал, a уште 15 лица биле заглавени во своите возила кај стоковната куќа Мост.

На двете локации биле испратени припадници на противпожарната бригада и брзата помош, но на патот едно од возилата на брзата помош заглавило во поплавениот коловоз на подвозникот на Стоковна куќа „Мост“, кој бил полн со вода.

Полициски службеници во координација со другите институции ги извлекуваат заглавените возила.

Интервенира и службата за итна медицинска помош, од каде велат имале пријави за повредени граѓани, но и оти станувало збор за полесни повреди.

На социјалните мрежи пак, граѓани објавија видео снимки на кои се гледа како водата навлегла и во подрумските простории на Градскиот трговски центар, како и во „Ист гејт мол“, чиешто приземје било целосно поплавено.

Градоначалничката свика итен состанок на кризниот штаб на Скопје

Од Градот Скопје соопштија дека по невремето кое го зафати градот Скопје, градоначалничката Данела Арсовска свикала итен состанок на Кризниот штаб на Град Скопје.

Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцински пак информираше дека службите на општината се на терен и се во комуникација со градските претпријатија за отстранување на проблемите кои настанаа по невремето.

„Во моментов од наша страна се детектираат најпогодените точки во општината и секаде каде што е забележана штета предизвикана од невремето, истата ќе биде посочено до надлежните градски претпријатија за нејзиното санирање во најкраток рок“, соопштија од општината Аеродром.

Невремето оштети автомобили во Скопје, паднати бандери во Велес, Градско и Росоман

Центарот за управување со кризи работи на најкритичните точки

Од Центарот за управување со кризи пак, велат дека до нив постојано пристигаат дојави и пријави од разни локации на градот.

Од таму потсетуваат дека на телефонот 112 може да се пријавуваат паднати дрва, откорнати кровови, заглавени возила или поплавени простории, но апелираат дека граѓаните треба да имаат разбирање оти службите реагираат по приоритет.

„Центарот за управување со кризи, преку 112 се трансферираат повиците за итни случаи, конкретно за помош за граѓаните погодени од невремето, до надлежните институции и служби од Град Скопје и општините од Скопско. Нормално, прво се помага на загрозените луѓе и тоа по прироритет што го имаат како стандардна оперативна процедура професионалците од ангажираните институции и служби од системот за управување со кризи, а потоа и ќе се сумираат штетите“, велат од ЦУК.

Екипите на центарот моментално работат на најкритичните точки на терен , а потоа ќе следи проценка на штетите.

Освен Скопје, од невреме попладнево се зафатени и Штип, Велес, Демир Хисар, Свети Николе.

УХМР најави дека нестабилното време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе се задржи до петок, особено во попладенвните часови.

Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и услови за појава на град.

ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведува засилени активности за расчистување по обилните дождови што попладнево го зафатија градот Скопје

По денешните обилни врнежи од дожд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведуваат активности за расчистување на јавните и сообраќајните површини, со цел да се овозможи проодност на движењето на пешаците и безбедно одвивање на сообраќајот.

Активностите се одвиваат во координација со Градот Скопје и останатите јавни градски претпријатија.

Претпријатието работи со максимален капацитет и ангажираност на сите расположливи работници на терен, како и употреба на целокупната механизација.

Активностите се одвиваат во сите скопски општини, во тек е расчистување на булеварот Гоце Делчев, подвозникот на стоковната куќа „Мост“, подвозникот Павел Шатев, како и повторно поставување на садовите за одлагање на отпадот коишто беа изместени во текот на невремето.

ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе продолжи со активностите во текот на целата ноќ, во насока на целосно санирање на последиците од невремето на терен.

Утре без струја ќе останат повеќе села и делови на Кичево

ЕВН Подружница Кичево информира дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, утре повеќе селски населби и делови на Кичево, во периодот од 8,15 до 16 часот ќе останат без електрично напојување.

-Поради зафати во електродистрибутивната мрежа ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија во повеќе села и населби во Кичево. Поконкретно без електрично напојување ќе останат село Другово, населба Горица, манастир „Света Пречиста“, селата Манастирско Доленци, Белица, Козица, Брждани, Свињишта, Подвис, Лавчани, Добреноец, Јаорец, Бигор Доленци, хидроцентралите Белица, Студенчица, Добреноец, пречистителна станица Кичево, Стара централа и фарма Јонче – информираа од ЕВН Подружница Кичево, од каде посочуваат дека времетраењето на прекинот во електроснабдување во голема мера ќе зависи и од ефикасноста во работата.

error: Content is protected !!