Претседателот на турското собрание денеска во Скопје – Посебен режим на сообраќај денеска и утре во главниот град









Претседателот на Големото национално собрание на Република Турција Мустафа Шентоп денеска ќе го посети Собранието на Македонија.




Собраниската прес-служба најавува дека Шентоп ќе има средба со претседателот на Собранието Талат Џафери.




– Во Скопје денеска и утре СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје поради посетата на Република Северна Македонија на делегација предводена од Претседателот на Големото национално собрание на Република Турција.




Од СВР Скопје апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

error: Content is protected !!