Девојчето загинало на самото место, а мајката имала отворена рана на главата и повреда на потколеницат , откако во нив удрил автомобил во Велес на 17 декември, по што возачот избегал.
Од 11-годишното девојче се збогуваат и нејзините соученици, кои испратија емотивни пораки од кои ќе ви се скрши срцето.
– Како да му кажеш на 11 годишно дете дека другарка му веќе ја нема, како да му го скршиш срцето на милион парчиња и после да бараш начин да ги залепиш, а и самата знаеш дека никогаш веќе нема да е исто?
– Како да ги задржиш солзите кога син ти ти вика: “Имам дупка кога дишам, како да фали дел од мене…”
– Пријатели, велешани, денес во 15:00 часот кој милува нека дојде на местото на немилиот настан, во знак на сочувство и љубов кон семејството, но и во знак на бес и револт кон проклетникот кој не се ни свртел позади себе…
– Мило дете, играта со соучениците прерано ја замени со игра со ангелите на небото, бескрајно ќе им недостасуваш на твоите VI-5.
Емотивно: Соучениците се збогуваат од 11-годишното девојче кое беше прегазено
