Велешанецот Ангелчо кој ја прегази 11-годишната Магдалена се криел во пештера: „Хроника“ открива шокантни детали









Триесет дена притвор доби велешанецот Ангелче Николов, кој со автомобил во саботата ја усмрти 11 годишната Магдалена, а тешко ја повреди нејзината мајка.

Судија на претходна постапка го прифати барањето на обвинителството, кое отвори истрага за две кривични дела.




Ќе го гони и за сообраќајката со смртни последици, но и за тоа што побегна и не им пружи помош на повредените.

За овие кривични дела е предвиден затвор од пет до 15 години.




По сторителот Ангелчо Николов велешката полиција трагаше неколку дена, по што тој самиот се предаде.




Она што го пишува порталот Хроника.мк, Николов веднаш по ударот во саботата со огромна брзина со патничко моторно возило Мерцедес го напуштил местото на инцидентот со други тројца млади лица во возилото.




Истите ги иставил низ Велес, шо што Николов првиот ден се криел во селото Бузалково со мнозинско албанско население.

Тој имал добри конекции со селаните со кои тргувал со дрва. Го криеле во напуштена селска плевна по што добил порака дека полицијата има индиции кај се наоѓа па бил приморан да го напушти селото.




Според порталот, тој последните часови се криел во пештера која се наоѓала на патот кон Чашка. Тој преноќил, се греел со оган, но имал недостаток на храна.

Неодрлжливата ситуација го натерало да се предаде сам на полицијата, додаваат од Хроника.мк.

Извр: Hronika.mk

error: Content is protected !!