И.К. Не копирај
НАЈНОВА ВЕСТ – За прв пат пренесена и потврдена доцна вечерва.
За жал, од невремето има и повредени! Повеќе во продолжение:
Двајца повредено по силното невреме кое попладнево го погоди Скопје, објави Сител.
Според телевизијата, двете лица се повредени од дрво кое паднало врз нивниот автомобил, додека бил во движење.
Тие во моментот се во добра здравствена состојба, а пренесени се во скопските клиники.
Возилото останало заглавено под дрвото, па интевернирале службите на Противпожарната бригада и Итната медицинска помош.
Првиот човек на Центарот за управување со кризи во изјава за Сител го соопшти видот на повредите.
-Најважно за нас што нема загинати, нема ниту посериозно повредени граѓани од денешното невреме. Повеќе од 30 дрва и неколку бандери паднаа во текот на невремето. Некои од нив предизвикаа прекин на сообраќајот. Но, имаме и неколку карактеристични случаи, кога дрво во Бутел падна врз возило во коешто имаше двајца граѓани коишто во овој момент, според информациите што ги имаме, се полесно повредени. Едниот има повреда на главата, другиот на раката и ногата, вели Стојанче Ангелов.
Во Чаир дрво паднало врз постара куќа. Причинета е поголема материјална штета, но во индицентот немало повредени.
Градоначалничката Данела Арсовска вечерва на прес-конференција кажа дека екипите на Град Скопје, јавните претпријатија и Пожарната бригада соодветно реагирале по денешното невреме. Кризниот штаб бил свикан на терен, а главниот проблем за тоа што цело Скопје беше поплавено е атмосферската канализација која нејзините претходници не ја решиле соодветно.
„Најголемиот предизвик беше поради атмосферската канализација која е несоодветна за она што во моментов го имаме во Скопје. Наредните денови ќе излеземе со анализа на кој начин ќе ги решиме овие предизвици. Има повеќе примери, дел од улиците се новоизградени и таму се појавуваат проблеми, а дел се реконструирани, но притоа не е направена реконструкција на атмосферската канализација“, рече Арсовска.
Таа кажа дека при денешното невреме Пожарната спасила 20 лица од кои дел биле заглавени во возилата во подвозникот под плоштадот „Скендербег“, а врз дел паднале дрвја.
„Кризниот штаб на Град Скопје беше свикан теренски, работиме се` уште на терен и ќе работиме до доцните часови се` додека не бидат отстранети сите они предизвици кои ги имаме и сите штети на градските улици“, додаде Арсовска.
Колку вкупно пријави за штети имало Арсовска не знаеше точно да каже, рече дополнително ќе побара одговор од институциите кои ги следат тие пријави.
Светот и невремето
Четворица загинати во силно невреме во делови од Тексас, Арканзас, Охајо и Мичиген
Најмалку четири лица загинаа во невреме со бури и силни ветришта што предизвикаа материјални штети од Јужните рамнини до Големите Езера на север.
Меѓу жртвите од невремето во Тексас, Арканзас, Охајо и Мичиген има и деца.
Заканата од бури оди на исток, задржувајќи се во делови од Вирџинија и Мејн, но, според метереолозите, ова невреме нема да биде толку интензивно како вчера.
Националната метереолошка служба соопшти дека примила 330 извештаи за силен ветер со брзина од над 110 километри на час на некои места од Среден Запад до Охајо. Исто така има извештаи и за падежи на град на некои место со големина на јајце, како на пример во Висконсин, додека град со големин на голф топче паѓал во Њу Хемпшир.
Во Мичиген, пак, од изминатат ноќ имало прекини на напојувањето со електрична енергија кај 600,000 жители, според агрегаторот PowerOutage.us. Заклучно до денеска наутро по локално време, повеќе од 350.000 лица, претежно во јужниот дел на Мичиген, се без струја.
Поплавени улици, паднати покриви од згради, откорнати дрва, поплавени подземни гаражи. Поширокото подрачје на Главниот град беше зафатено со обилни врнежи од дожд, а повици за помош пристигна од повеќе локации во градот.
Со оглед дека невремето почна во периодот кога во центарот на градот е сообраќаен пик, поплавените коловози го отежнаа движењето на возилата при што голем дел заглавија не некои од најкритичните точки, на подвозниците кај хотелите Александар палас и Континентал и кај стоковната куќа Мост.
Кај Континентал интервенираа и спасувачки екипи кои извлекуваа повеќе лица меѓу кои и деца. Повеќе возила и едно комбе беа поплавени кај Стоковната куќа „Мост“, каде 14 луѓе барале помош за извлекување.
Поплавен беше и градскиот трговски центар, а поради истекување на атмосферската канализација со вода се наполнија и подземните гаражи на трговскиот центар „Ист Гејт Мол“. Од менаџментот на трговскиот центар соопштија дека донеле одлука тој во моментов да биде затворен за јавност и да се евакуираат посетителите и вработените. Техничките служби и во текот на ноќта ќе работат на исцрпување на водата како и на санирање на штетите.
Невремето кое го зафати регионот на Скопје во попладневните часови на повеќе места откорна покриви од згради, туркаше билборди, а беа искршени и многу дрвја кои паднаа и врз автомобили, при што причинета е и поголема материјална штета.
Од Центарот за управување со кризи пак, велат дека до нив постојано пристигаат пријави од разни локации на градот. Од таму апелираат дека граѓаните треба да имаат разбирање оти службите интервенираат по приоритет.
Освен Скопје, од невреме попладнево беа зафатени и Штип, Велес, Демир Хисар, Свети Николе.
Ухмр најави дека нестабилното време ќе се задржи до петок, особено во попладенвните часови. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и услови за појава на град.
Четири автомобили од кои во еден се наоѓаат и деца се блокирани, a уште 15 лица се заглавени во едно комбе и други автомобили кај стоковната куќа Мост, по невремето што попладнево го зафати Скопје.
На двете локации моментално се наоѓаат и припадници на противпожарната бригада.
Од службата за итна медицинска помош за МИА велат дека добиле пријави за повредени граѓани, но оти засега не се евидентирани посериозно повредени.
Од Центарот за управување со кризи, пак. апелираат дека граѓаните треба да имаат разбирање оти службите реагираат по приоритет.