ВИДЕО: Врчак се враќа на музичката сцена – и тоа како, направи БУМ кое никој не го очекуваше









Раде Врчаковски – Врчак беше еден од најпопуларните музички артисти во Македонија пред нешто повеќе од една деценија, чии песни беа големи хитови, емитувани на сите телевизиски канали и радиостаници.




Откако ја објави неговата последна песна „Снегулка“ во 2011 година, Врчак се повлече од музичката сцена и целосно го промени животниот стил – од популарна музичка ѕвезда, тој стана поборник за здрав начин на живот.




Единаесет години подоцна, популарниот рапер реши да ги израдува обожавателите со нова музика, пропратена со двочасовен вовед во кој тој зборува за тоа како да си го подобрите здравјето со консумација на растителна храна и во кој споделува совети базирани на неговите долгогодишни истражувања и искуства. За оние кои не знаат, Врчак има дипломирано на студиската програма Општа медицина на Медицинскиот факултет во Скопје.




„Во видеото има и официјална најава на албумот кој го снимавме во Америка (во PARAMOUNT, Калифорнија) со на инженерот на Бруно Марс и одлични артисти од Лос Анџелес.




Амерички албум е, врв е албумот, велат самите Американци, меѓу кои се и искусни мегахит мејкери (соработници на светски познати ѕвезди со песни со милијарди гледаност на Јутјуб). Велат дека албумот ќе помине одлично во Америка. Албумот е веќе и со ISRC кодови на продуцентска куќа на Вил Ај Ем (ќе излезе во Америка пред лето 2024, а да се надеваме сите дека ќе е и порано).




Во видеото има подетални информации за сѐ ова (и како се случи сѐ), како и за научните откритија кои ни се случија во државата (а се поврзани со научните откритија, нешто поголемо од што може човек да сонува, ќе види и ќе чуе секој човек сè во видеото, за повеќе Нобелови награди да ни стигнат во државата се научните откритија велат професори), а во видеото има и информации до Светската здравствена организација за кој мора секој човек да чуе барем еднаш во животот, и да имаме поубав, подолг и поздрав живот, како и иднина без ропство на планетата Земја. Држете ни среќа“, напиша Врчак на Фејсбук.

Како најава за неговата нова песна „Да ме лижнеш“, во која зборува против „ропството на животните“, тој објави и кратка видеоснимка која ги збуни неговите следбеници на социјалната мрежа Фејсбук и предизвика голем број коментари.

error: Content is protected !!