Имаше само 29-години: Ова е фудбалерот Александар кој го загуби животот во страотна сообраќајна несреќа кај Белград
Марковиќ управувал теренско возило „мерцедес“ кога изгубил контрола и удрил во бетонски столб.
Јавноста во регионот беше шокирана од веста за тешката сообраќајна несреќа која се случи во Шимановци, кога животот го загуби 29-годишниот Александар Кристијан Марковиќ.
Младиот човек управувал теренско возило „мерцедес“ кога изгубил контрола и удрил во бетонски столб.
Автомобилот во кој се наоѓал младиот фудбалер на Камени тимот од Ашање е целосно искршен, а деловите се расфрлани на патот.
Марковиќ доаѓал од правец на Ашање и бил сам во автомобилот. Не се знае каде патувал. Од силината на ударот починал на лице место.
На терен биле пожарникари, полиција и итната помош, како и дежурниот обвинител. Клубот во кој играше фудбал Камени од Ашање се прости од Марковиќ.
ФК Камени Ашања со голема тага ја известува јавноста дека вечерва околу 21 часот нашиот играч Марковиќ го загуби животот во сообраќајна несреќа на Прека калдрма.
Ова е голема трагедија за цела Ашања и за нашиот клуб за кој „Бебе“ играше со години и ги даде последните атоми сила за победите на ФК Камени.
Во оваа прилика му изразуваме сочувство на неговото семејство и нека му е вечна слава и благодарност, соопштија од клубот.