Доцна во ноќта се огласи Стојанче Ангелов – од лице место откри досега непознати ситуации од невремето

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, секогаш е во првите редови, каде и да има потреба да реагира. Заедно на терен и изјава за медиумите претходно даде и градоначалничката Данела Арсовска, која вината ја гледа во атмосферската канализација.

Денес Скопје беше погоден од силно невреме, поради што имаше многу проблеми, кои постепено се решаваат. За целата ситуација изјава за телевизија Сител даде Ангелов, кој откри што се случувало на терен.

Првично и најбитно е што нема жртви.

Во периодот од 16 до 19 часот и 30 минути, се добиени околу 450 повици на бројот 112.

-Најважно за нас е тоа што нема загинати, ниту сериозно повредени граѓани од денешното невреме. Повеќе од 30 дрвја и неколку бандери паднаа во текот на невремето. Некои од нив предизвикаа прекин на сообраќајот, кажа директорот Ангелов.

Потоа објасни и за некои други, досега непознати ситуации за јавноста.

-Имаме некои карактеристични ситуации. Дрво во Бутел падна врз возило во кое имаше двајца граѓани, кои се полесно повредени, едниот има повреда на главата, другиот на главата и ногата.

Во Маџари бандера паднала на метална ограда. При што дошло до спој помеѓу жиците од бандерата со оградата. Но и таа опасна ситуација е надмината, истакна директорот.

Во Чаир поголемо дрво паднало врз постара куќа и срушило поголем дел од неа, изјави Ангелов.

Покрај овие случаи, имаме поголем број на оштетени возила. Во овој момент имаме најмалку 20-тина оштетина возила од паднати дрвја. Исто и неколку покриви беа однесени од ветрот, за среќа таму никој не е повреден, ниту настрадан, – додаде Ангелов.

Кратка биографија за Ангелов.

Стојанче Ангелов е роден во Штип на 15-ти септември 1972. Тој е актуелен претседател на партијата „Достоинство“ и поранешен генерал-мајор на специјалните единици на македонската полиција.

Ангелов е роден во 1972 година во Штип. Таму завршил основно и средно училиште, потоа во Скопје завршил Факултет за безбедност. Се вработил во МВР како приправник за полицаец во Штип. Во март 1996 почнал да работи во специјалната полиција, каде што околу една година работел како полицаец, две години бил командир на одделение, две години командир на вод, па оттаму бил преместен во Радуша, каде бил водич на сектор.

Воен конфликт 2001

Во Радуша го зафатил почетокот на вооружените дејствија од 2001 година. Кога се случил нападот на тетовското Кале, го пратиле како командант во посебните единици во Тетово. Останал околу три месеци во Тетово. Потоа станал заменик командант на Тигрите. Бил учесник во Битката кај Арачиново, каде што бил и ранет.

Во годините по воениот конфликт е постојано деградиран во чиновите. Во јавноста активно се залага за правата на македонските бранители преку здружението „Достоинство“.

Политичката партија „Достоинство“ самостојно настапила на предвремените парламентарни избори во 2011, при што Стојанче Ангелов бил носител на листа во изборната единица број 3. За претседателските избори во 2014, Стојанче Ангелов прв ја најави својата кандидатура како независен кандидат за претседател на Македонија, но поради големите политички притисоци, закани и заплашувања на граѓаните кои го поддржуваат не успеа да ги собере потребните 10.000 потписи. Стојанче Ангелов во своите јавни политички настапи застапува македонски патриотски ставови, особено во однос на заканите на големоалбанскиот шовинизам, а исто така се залага и за прекин на преговорите во спорот за името со Грција.

ЦУК-Историја
Врз основа на член 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија во мај 2005 година до издадоа Указот за прогласување на Законот за управување со кризи. Претходно, законот го донесе Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 22 април 2005 година. Центарот за управување со кризи, како самостоен орган на државната управа, се формира на 5 октомври 2005 година.

ЕДИНСТВЕН СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ

На формирањето на Центарот му претходеа низа активности во Владата на Република Македонија, Министерството за одбрана и во други државни и образовни структури, кои помогнаа одадминистративен и научно-стручен аспект. Институтот за одбрана и мировни студии при Филозофскиот факултет во Скопје, заедно со Центарот за демократска контрола на оружените сили од Женева, на 15 септември 2004 година организираше тркалезна маса насловена „Управување со кризи“. Во Министерството за одбрана, посебно во Кризниот менаџмент, интензивно се работеше на подготвување на потребните законски регулативи. Овие чекори на Владата на Република Македонија и нејзините органи и тела, беа во насока на обединување на постојните одделни системи за управување со кризи ( превенција, рано предупредување и справување со евентуални кризи), во единствен систем за управување со кризи, со кој ќе се постигне навремено, брзо и координирано дејствување при согледани ризици и опасности, а во контекст на нивните уставни овластувања. Согласно тоа, Владата формираше Управувачки комитет, Група за процена и Центар за управување со кризи. Тие се главните чинители во системот за управување со кризи.

ОФИЦИЈАЛЕН ПОЧЕТОК НА РАБОТАТА НА ЦЕНТАРОТ

На 5-ти октомври 2005 година, во присуство на претставници на државните институции и на меѓународните мисии во Македонија, со пригодна свеченост беше отворен Центарот за управување со кризи. Неговото админстративно седиште се наоѓа на улица „Димитар Мирчев“ бр. 9 (комплекс згради на МВР) во Скопје. Тогашниот министер за одбрана, Јован Манасиевски со пригоден говор симболично го официјализираше почетокот на работата на Центарот. Заменик директорот на Центарот, г-дин Златко Аневски, на присутните гости и на медиумите им ја презентираше првата организациона поставеност на Центарот за управување со кризи. Неколку дена по отворањето, од страна на Владата за директор беше назначен, м-р Агрон Буџаку.

По парламентарните избори, од септември 2006 година за нов директор на Центарот за управување со кризи е назначен д-р Панде Лазаревски, чиј мандат завршува април 2010 година. За нов директор на Центарот е избран Тони Јакимовски, а од 30.09.2011 од Влада на Република Македонија е именуван г-дин Зулфи Адили за директор на Центарот за управување со кризи. По изборите летото 2014-та, директорт на ЦУК, г-дин Зулфи Адили, влегува како парламентарец во Собранието на Република Македонија. Потоа, од 09.05.2014, вршител на должноста директор на ЦУК е заменик директорот, г-дин Мутаир Максут.

На 3-ти ноември 2020 година на функцијата е поставен Стојанче Ангелов.

Герасимовски: Општинските служби се на терен и ги санираат штетите

Веднаш по невремето, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, заедно со општинските служби излегоа на терен, извршија увид во состојбата и санираа дел од штетите во Општина Центар.

На неколку локации има паднати покриви, паднати дрва и искршени гранки. До општината пристигнуваат пријави за поплавени подруми, станови и живеалишта.

„За утре наутро свикав состанок на општинскиот Штаб за заштита и спасување, на кој ќе ги договориме наредните чекори. Вечерва сме на терен, во комуникација сме со надлежните и помагаме онаму каде што можеме“, изјави градоначалникот.

На состанокот на општинскиот Штаб за заштита и спасување ќе се дискутира за штетата настаната во Општина Центар од денешното невреме и за наредните чекори што општината ќе ги преземе во соработка со останатите надлежни институции.

error: Content is protected !!