Веќе долги години кај нас, познат и признат пејач е Орце Стевковски – Царот, кој го издаде своето ЦД насловено како „Тука ми е коренот во Македонија“, посветено кон сите македонци во странство.
Овие песни се со јасна порака и повик да се вратат во родната земја.
Царот е добро е познат на македонската публика, но и пошироко како пејач со многу хитови, многу турнеи низ Австралија, Канада, Америка, Европа и многубројни солистички концерти.
-Да има само песна, песна, само песна, се повеќе песни а помалку политика. Јас сум веќе во разговор со веќе мои колеги, пријатели, време е да свикаме еден собир, ќе зборуваме два три саати, четири саати, во одбрана на нашите песни, нашите имиња и нашата музика која што е во самиот врв во светот.
Орце Стевковски – Царот добро е познат на македонската публика, но и пошироко како пејач со многу хитови, многу турнеи низ Австралија, Канада, Америка, Европа и многубројни солистички концерти.
Во својот репертоар ги има познатите хитови како „Убава Калина“, „Царот Неготински“, „ Пукнала мајко треснала“, „Глас се слуша, плач и лелек“ , „Се заљубив на стари години“, како и познатата песна „Од кај дојдовте“.
Стефковски долги години е во брак со Драгица Стефковска-Драгче, која е Тв водител позната по својата емисија „Патот на светлината“ Таа и Орце се 36 години во брак, од кој имаат две ќерки и пет внучиња.
Драгица во една прилика изјави дека за да се зачува бракот потребно е разбирање и отстапки. Тоа според неа е тешко поради менталитетот во нашата земја, кога секој сака да знае се за другиот, за комшијата и слично.
Тој пред малку се огласи на социјалните мрежи со тажна порака и се прости од својата мајка.
Пејачот скршен од болка: Oгромна тага во домот на царот Орце Стевковски
