За жал, има жртва: Лошата вест брзо се прошири – црн исход од сообраќајката вечерва во близина на Скопје

За жал, лошата вест брзо се прошири.

Во сообраќајната несреќа која се случи доцна вечерва на скопската обиколница, има жртви.

Станува збор за моторџија, пренесе „А1он“

Невремето и несреќите во текот на денот како да не беа доволно, па од лице место добиваме информации за страшна сообраќајна несреќа.

Според очевидци од лице место, се случила опасна несреќа.

Околу 22:30 часот на обиколица после Радишани, на правец од Тетово кон Скопје се случила сообраќајна несреќа, поради што сообраќајот е биде во прекин.

Сообраќајот ќе се пренасочува спрема Радишани.

На лице место излезе екипа на МВР да изврши увид.

Повеќе детали во текот на утрешниот ден.

Поврзани вести, повеќе од дневен билтен на МВР:

Извадок на дел дневните настани 30.08.2022

На 29.08.2022 во 23.10 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.И.(26) и Е.Р.(24), двајцата од Скопје, затоа тоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.08.2022 во 22.05 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Р.(24) од Скопје затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.08.2022 во 14.12 часот во СВР Куманово, од Казнено-поправната установа Затвор Кшање – Куманово било пријавено дека починал осуденикот И.Н.(66) од Куманово. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Куманово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

На 29.08.2022 во 10.45 часот во Полициската станица Гази Баба, Б.Н.(35) од Скопје пријавила дека на ул.„Финска“ била касната од куче скитник.

На 29.08.2022 во 11.30 часот во Полициската станица Чаир, К.Х.(49) од Скопје пријавил дека на бул.„Словенија“ бил каснат од куче скитник.

На 29.08.2022 во 14.20 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(24) од Скопје затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја, а исто така се барал и по локален распис од Полициската станица Аеродром. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.08.2022 околу 23.50 часот во с.Камењане, полициски службеници на СВР Тетово, со судска наредба, го привеле 48-годишниот С.Р. од ова село за издржување на затворска казна. Тој се обидел да избега, но бил спречен во намерата. По приведувањето, С.Р. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 29.08.2022 во 21.20 часот на ул.„Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода С.К.(25) од с.Велгошти, охридско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 30.08.2022 во 01.55 часот на патот во с.Орман, охридско, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Н.Р.(26) од Охрид затоа што при преглед во возилото „пежо“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 27 и 28.08.2022, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце била извршена контрола на три автобуси кои вршеле меѓународен превоз на патници. При контрола на автобус со кумановски регистарски ознаки, управуван од Р.А.(52) од Куманово, автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од Б.К.(43) од Тетово и автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Т.(67) од Скопје било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација. Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и правните лица.

На 29.08.2022 во 04.00 часот на автобуската станица во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница го лишиле од слобода А.Х.(27) од Виница затоа што околу 01.00 часот во Виница физички ја нападнал С.Р.(19) од Виница и ѝ одзел личен предмет. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 29.08.2022 во 17.20 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 68-годишниот гостиварец Б.Ф. поради сомнение дека извршил кражба. Украденото е пронајдено. По целосно документирање на случајот на Б.Ф. ќе му биде изготвен соодветен однесок.

Денеска (30.08.2022), полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Е.К.(39) од Велес затоа што на 29.08.2022 со уште едно женско лице физички го нападнале Д.М.(33) од Велес и му одзеле пари. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 30.08.2022 околу 00.30 часот во Полициската станица Тетово бил донесен 33-годишниот Џ.В. од Република Косово. Околу 22.30 часот тој бил лишен од слобода на Граничниот премин Јажинце при обид да ја напушти нашата земја со патничко возило „бмв“ со француски регистарски ознаки. При извршена контрола било констатирано дека на увид приложил фалсификувана сообраќајна дозвола за возилото, а исто така таблиците кои биле на возилото биле фалсификувани. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (30.08.2022) во Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола бил извршен службен разговор со С.В.(42) од Битола. Тој се сомничи дека на 27.08.2022 на ул.„Филип Втори Македонски” во Битола од Ц.Б.(81) од Битола со употреба на сила одзел пари. С.В. го признал делото и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции, 22 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за нерегистрирани возила, осум мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, 10 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), пет санкции за непрописно престигнување и обиколување…

Во текот на вчерашниот ден (29.08.2022) на територијата на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 25 возачи. Од нив 21 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 4 возачи надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

На 29.08.2022 во 16.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Осломеј-Кичево, во непосредна близина на крстосницата за с.Осломеј кај место викано „Бороите“, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ш.С.(66) од с.Поповјани излетало од коловозот. Притоа, од здобиените повреди на местото помчинал возачот, а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобил сопатникот З.Р.(42) од Кичево, констатирани во Медицинскиот центар во Кичево. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево.

На 29.08.2022 во 16.25 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека околу 12.30 часот на ул.„Кирил и Методиј“ во Гевгелија, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Ј.П.Д.(72) од Гевгелија, удрило во В.Д.(56) од Гевгелија. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во ЈЗУ Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

На 30.08.2022 околу 11.05 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на влез во железничка станица Миравци-Гевгелија, товарен воз кој сообраќал од Трубарево кон Гевгелија, удрил во патничко возило „опел вектра“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(76) од с.Удово, валандовско. Од здобиените повреди на местото починал возачот Р.И., а смрт констатирал од лекар од Итна медицинска помош.

Денеска (30.08.2022) од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар околу 12.45 часот на бул.“11-ти Октомври“, на автобуската постојка на Зелен пазар, бил лишен од слобода С.И.(55) од Скопје при обид да одземе паричник од лице кое влегувало во автобус.Тој бил задржан во полициската станица Центар, известен е Јавен обвинител и по целосното документирање на случајот ќе следи соодветна кривична пријава.

На 30.08.2022 во 04.25 часот на ул.„1511“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ги лишиле од слобода Д.К.(32) од с.Шупљи камен, кумановско и малолетничка од Скопје. Тие биле затекнати при обид да одземат патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки. Во близина на возилото бил пронајден предмет кој потекнува од друго кривично дело, а при преглед кај нив, кај малолетничката била пронајдена и одземена прашкаста материја.Лицата биле приведени во полициска станица, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе Кривична пријава против Б.И.(32) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама” и „фалсификување пари”, по член 247 и член 268 од Кривичниот законик. Пријавениот набавил 14 фалсификувани банкноти во апоени од по 100 евра, по што во периодот од 09.05.2021 до 07.09.2021 ги пуштил во оптек при купопродажба на мобилни телефони од три лица. На тој начин тој се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 86.380 денари.

На 29.08.2022 околу 19.00 часот во с.Долно Соње, на земјениот пат кон с.Осинчани, било пронајдено патничко моторно возило „хјундаи аксент“ со скопски регистарски ознаки натоварено со огревно дрво без жиг, кое претходно не застанало да даден знак за запирање од полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода. Известена е шумската полиција и се работи на расчистување на случајот.

Во текот на вчерашниот ден (29.08.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 198 возачи. Од нив 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 101 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 97 надвор од населено место.

Полициски службеници на СВР Тетово, денеска (30.08.2022) во периодот од 09.00 до 14.00 часот на поширокото тетовско-гостиварско подрачје спроведоа акциска контрола на мотоциклисти, во која вкупно биле откриени и адекватно санкционирани 28 прекршоци (ТЕ-11 и ГВ-17). Најголемиот број од констатираните прекршоци (24) се однесувале на некористење заштитна кацига, односно шлем од мотоциклистите (ТЕ-8 и ГВ-16), 3 мотоциклисти управувале без потребната возачка дозвола, а откриени и санкционирани биле уште 6 други видови сообраќајни прекршоци.

На 29.08.2022 во 01.30 часот кај место викано „Осмиците“ на регионалниот пат Струмица – Суви Лаки, во патничко возило комби „мерцедес“, оставено покрај патот, од полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Пехчево биле пронајдени две лица- мигранти од Сирија. Подоцна, во 07.45 часот при проверка на теренот, во близина на местото биле пронајдени 35 лица мигранти, од кои 28 од Сирија, 6 од Пакистан и 1 од Индија, меѓу кои и две малолетни лица. Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар Винојуг во Гевгелија и за настанот бил запознаен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.08.2022 во 15.30 часот во СВР Куманово, 37-годишна жена од Куманово пријавила дека од нејзината трансакциска сметка, без нејзино одобрување биле подигнати околу 15.000 денари. Според пријавеното, нејзиниот малолетен син на интернет страница објавил продажба на монитор, по што на 13.08.2022 едно женско лице на вибер остварило комуникација со него. Како што е пријавено, лицето побарало од нејзиниот син трансакциска сметка и пин бројот од банкарска картичка за да може да му пушти пари, по што тој ја дал сметката и пинот од картичката на пријавителката. Исто така, според пријавеното, откако отишла да ја провери состојбата на сметката, сфатила дека биле измамени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.08.2022 во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор од црква на подрачје на Аеродром, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Б.(32) и З.Б.(67), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 29.08.2022 во 19.00 часот во Полициската станица Карпош, Ш.Д.(38) од Охрид пријавил дека околу 16.15 часот на игралиште пред трговски центар на подрачје на Карпош неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.08.2022 во 13.45 часот во Полициската станица Чаир, С.Ш.(25) од Скопје пријавил дека околу 13.15 часот по претходна расправија на подрачје на Визбегово неговите две деца биле физички нападнати од Е.А.(32) од Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

На 28.08.2022 во 23.35 часот во Полициската станица Аеродром, Е.Д.(20) од с.Страхојадица, скопско, пријавил дека во 21.00 часот на подрачје на Кисела Вода бил физички нападнат од едно лице, кое претходно удрило со неговото возило во возилото на Е.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.08.2022 во 23.50 часот во СВР Скопје, Т.В.(60) од Скопје пријавил дека околу 21.00 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од С.М.(32) од Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

На 30.08.2022 во 03.30 часот во СВР Скопје, А.К.(22) од Скопје пријавила дека околу 02.40 часот кај Градски парк во Скопје била физички нападната од И.Д.(26) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 29.08.2022 во 18.30 часот во СВР Скопје, Е.Д.(22) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Центар бил физички нападнат од две лица со тврд предмет. Се работи на расчистување на случајот.

Денеска(30.08.2022) во СВР Скопје било пријавено дека на плоштад „Македонија“, на плочникот пред фонтаната пропаднало товарно моторно возило со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местотото на настанот.

На 29.08.2022 во 21.00 часот во Полициската станица Мирковци, Д.Б.(39) од с.Бразда, скопско, пријавил дека од с.Бразда се оддалечил неговиот братучед Љ.Б.(35) од с.Бразда. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 29.08.2022 во 13.20 часот во СВР Тетово, шеесет и двегодишниот И.Б. од гостиварско Чегране пријавил дека во тетовското село Волковија бил каснат од куче скитник.

error: Content is protected !!