Први реакции од МВР: Еве што се случува во моментот на Табановце – цела држава мора да знае









Хаос се случува на граничниот премин Табановце.




За влез во Македонија граѓани чекаат по три часа. Колоната е километарска, а револтираните патници се јавија во Tелма и сведочат дека не е пуштен ниту еден автомобил.




Лути се што чекаат на ниски температури, но од граничните служби не добиле никаква информација за што се работи и до кога ќе чекаат.




Телма дознава дека се спроведува полициска акција во која се опфатени полициски и царински службеници од преминот.




МВР во координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција спроведуваат заедничка акција на ГП Табановце, се апсат полицајци инволвирани во коруптивни дејства.




Кратко, неофицијално, но јасно се огласија и од МВР.




Министерството за внатрешни работи во координација со Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција води заедничка истрага на Табановц. Детали ќе имаме утре, велат од таму.

error: Content is protected !!