Телма од полициски извори откри: ЕВЕ што пронајде полицијата на граничниот премин Табановце









На граничниот премин „Табановце” синоќа имаше акција на Министерството за внатрешни работи и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција што беше причина за големиот застој на граничниот премин.




Од министерството за внатрешни работи најавија повеќе детали за денеска. Телевизија Телма од полициски извори веќе има дел од информациите.




Во картонска кутија на ГП ,,Табановце” од страна на полицијата пронајдени се банкноти од апоени во денари, евра, швајцарски франци, американски долари и турски лири, потврдија за Телма полициски извори.




Вечерва на Граничниот премин Табановце имаше акција на Обвинитрлството за гонење на организиран криминал и корупција и полицијата, во рамки на истрага за злоупотреба на гранични полицајци и цариници.




Акцијата предизвика повеќечасовен застој на преминот и незадоволство на граѓаните кои со часови чекаа да влезат во Македонија.




МВР најави детали за акцијата утре, а првичните информации говорат дека е најдена кутија со пари од различни валути.

error: Content is protected !!