Вчерашното невреме направи хаос во Скопје. Се уште не може да се санираат сите делови и натаму има многу вода.
Голем број на луѓе не ги сфатија сериозно најавите за невремето, не беа засолнети, поради што настрадаа, пред се психички, бидејќи во најопасните моменти беа на отворено.
Но, тоа веќе помина, а во најава има ново невреме, со многу дожд.
Времето денес ќе биде променливо облачно, од пладневните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена. УВ индексот ќе биде 6.
Во Скопје променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 30 степени.
До петок ќе се задржи нестабилно време, претпладне претежно сончево, а во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.
По вчерашното невреме во Скопје повеќе од 400 пријави на бројот 112
Од Центарот за упрваување со кризи велат дека на бројот 112 вчера добиле повеќе од 400 пријави. Според ЦУК откорнати се повеќе од 30 дрва и оштетени се над 20 возила. Вчера во Скопје имаше силно невреме кое поплави булевари, откорна дрвја, оштети возила, поплави згради, куќи, објекти…
Ухмр најави дека нестабилното време ќе се задржи до петок, особено во попладенвните часови. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и услови за појава на град.
Во текот на денешното невреме што го зафати главниот град настрадаа повеќе општини од кои најпогодена е општината Аеродром. Очевидци јавуваат дека делот од булеварот Јане Сандански кај трговскиот центар Три Бисери кон трговскиот центар Бисер е целосно непрооден. Автомобилите кои се затекнати од невремето во сообраќај бараат споредни улици.
Веднаш по невремето, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, заедно со општинските служби излегоа на терен, извршија увид во состојбата и санираа дел од штетите во Општина Центар.
На неколку локации има паднати покриви, паднати дрва и искршени гранки. До општината пристигнуваат пријави за поплавени подруми, станови и живеалишта.
„За утре наутро свикав состанок на општинскиот Штаб за заштита и спасување, на кој ќе ги договориме наредните чекори. Вечерва сме на терен, во комуникација сме со надлежните и помагаме онаму каде што можеме“, изјави градоначалникот.
На состанокот на општинскиот Штаб за заштита и спасување ќе се дискутира за штетата настаната во Општина Центар од денешното невреме и за наредните чекори што општината ќе ги преземе во соработка со останатите надлежни институции.
Повеќе за зборот „дожд“
Дожд е течен врнеж, за разлика од нетечните видови врнежи како што се снег, град и лапавица. На земјата, дождот паѓа на површината кога кондензацијата на атмосферската водена пареа создава водени капки доволно тешки за да паднат. Два процеси, кои е можно да дејствуваат заедно, може да го презаситат воздухот што ќе доведе до паѓање дожд: ладење на воздухот или додавање на водена пареа на воздухот. Вирга е врнеж што почнува да паѓа кон земјата, но испарува пред да ја достигне површината на земјата, тоа е еден од начините воздухот да стане презаситен.Врнежите се формираат со судир со други дождовни капки или ледени кристали во облакот. Дождовните капки варираат во големина од сфероидна, кружна форма за поголемите капки,до мали топчиња за помалите капки.
Движењето на влагата покрај тродимензионалната температурна зона и разликата во влажноста позната како атмосферски фронт, е главниот метод во создавањето дожд. Ако има доволно влага и нагорно движење, врнежите паѓаат од струевитите облаци (тие со силно нагорно вертикално движење) како што се кумулонимбуси (невреме со грмотевици) којшто можат да се подредат во тесни дождовни појаси. Во планинските места, можни се поројни дождови кадешто надолниот ветар е зголемен во спроти ветровите страни на теренот на надморска височина која што ја тера влажноста на воздухот да кондензира и паѓа како дожд, долж планината.Во заветрената страна на планините, може да опстојува пустинска клима заради сувиот воздух предизвикан од надолните ветрови коишто предизвикуваат загревање и сушење на воздушната маса. Движењето на монсунската зона на притисок или интертропска конвергентна зона, носи врнежливи сезони во саванските клими. Дождот е основен извор на слатките води за поголемиот дел од светот, овозможувајќи соодветни услови за различни еко-системи, како и вода за хидроцентралите и за наводнување на земјоделските култури. Врнежите се мерат со користење на дождомер. Количината на врнежи се предвидува активно со метеоролошки радар и пасивно со сателитски метеоролошки станици.
Ефектот на урбана топлинска оаза предизвикува зголемени врнежи, и количински и во интензитет, во насока на ветрот во градовите. Глобалното затоплување, исто така, предизвикува промени во начинот на врнежите, вклучувајќи ги и дождливите временски услови низ источна Северна Америка и сувите временски услови во Тропскиот појас. Врнежите се главен составен дел на водениот циклус, и се одговорни за насобирањето на најголемиот дел од слатките води на планетата. Просечната количина глобални годишни врнежи изнесува 990 mm. Климатските системи за класификација, како што е Кепеновата климатска класификација, ги користат просечните годишни врнежи за да направат разлика помеѓу различните климатски режими. Антарктикот е најсувиот континент на земјата. Познато е или се претпоставува дека дождот на другите планети е составен повеќе од метан, железо, неон и сулфурна киселина отколку од вода.
Воздухот содржи водена пареа и количината на вода во дадена маса на сув воздух, позната како „мешан однос“ се мери во грамови вода на килограм сув воздух (g/kg). Количината на влажност во воздухот често се нарекува релативна влажност, што е процентот на вкупната водена пара во воздухот што може да опстојува на одредена температура на воздухот. Колку водена пара може да содржи еден дел од воздухот пред да стане заситен (100% релативна влажност) и да формира облак (група видливи и мали водени и ледени честички што лебдат над површината на земјата) зависи од неговата температура. Потоплиот воздух може да содржи повеќе водена пара отколку постудениот воздух пред да стане заситен.Според тоа еден од начините да се засити дел од воздухот е да се излади. Точката на росење е температурата на која дел од воздухот мора да биде изладен за да стане заситен.
Има четири главни постапки за ладење на воздухот до неговата точка на росење: адиабатско ладење, кондуктивно ладење, радиационо ладење и испарувачко ладење. Адриабатското ладење се појавува кога воздухот се крева и се шири. Воздухот се крева поради струење, атмосферско движење со големи размери или физичка бариера како планини (орографско кревање на воздухот ). Кондуктивното ладење се појавува кога воздухот доаѓа во контакт со поладна површина, ако е однесен од ветот од водена површина на ладна земја. Радиационото ладење се појавува поради емисијата на инфрацрвено зрачење или од воздухот или од под површината. Испарувачкото ладење се јавува кога се додава влажност во воздухот со испарување коешто ја тера температурата на воздухот да се лади до нејзината најниска температура или додека да се добие заситување.
Главните начини да се зголеми водената пара во воздухот се: ветрова конвергенција во местата со нагорно движење, врнење вирга, вода што испарува од површината на океаните преку дневното загревање, водните површини или мочуришта, испарувањето од растенијата, ладен или влажен воздух што се движи над загреана вода, или воздухот што се крева над планините. Водената пара обично почнува да кондензира во кондензирачко јадро како прашина, мраз и сол за да формира облаци. Високите делови од атмосферските фронтови( коишто се тридимензионални по природа) ги тераат широките места на нагорно движење во атмосферата на земјата да го формираат горниот дел од облаците како што се алтростратуси или циростратуси. Стратус е стабилен облак што се формира кога ладна стабилна воздушна маса ќе биде заробена под топла воздушна маса. Исто така може да се формира заради кревањето на адвекциона магла во ветровити услови.