ВО ЖИВО: Со камион и трактори блокиран преминот Мердаре









Групата најавува дека на блокадите ќе останат и понатаму и се надеваат дека и други лица ќе ги поддржат и ќе се приклучат на протестот.




Денеска група од 20 лица го блокирале административниот премин Мердаре од правец Куршумлија кон Подуево, јавува дописникот на РТС.




Лицата поставиле камион со приколка и трактори за да ги поддржат Србите во Косово.




Тие најавија дека на блокадите ќе останат и понатаму и се надеваат дека и други лица ќе ги поддржат и ќе се приклучат на протестот.




Вечерва, пак, претседателот на Србија Александар Вучиќ е во посета на единиците на вооружените сили меѓу Краљево и Рашка.




Претседателот Вучиќ, министерот за одбрана Милош Вучевиќ, амбасадорот Марко Ѓуриќ и директорот на Канцеларијата за Косово Петар Петковиќ во касарната во Рашка ќе разговараат со претставници на Србите од северот на Косово.




Се очекува разговорите да траат до раните утрински часови.

error: Content is protected !!