Бојан Велевски е македонски филмски и телевизиски глумец и комичар.
Веќе неколку години наназад тој е многу актуелен на социјалните мрежи, каде има публика од 7 до 77 години и успева буквално сите да ги насмее.
Веројатно и тој „пресмета“ дека во Македонија најдобро може да ти оди ако си дел од политиката, па не се мислеше многу и ги заскува ракавите, облече сако и реши – влегувам во политика.
-Градоначалник на терен! Продолжуваме со капитални проекти!!!
Асвалтирање на уличка од 12 метри со улично осветлување и клупа за починка.
Со висок интензитет ги решаваме проблемите на градот! Секогаш уз граѓаните, секогаш достапен!, пишува тој објавувајќи и фотографии од „средбата“.
Веќе во вториот случај, ситуацијата е крајно опасна, поради невремето. При што од терен и со овци, се исраќа порака:
Поради итноста на ситуацијата, Се упатуваме веднаш кон East Gate, да поделиме маски за гЊурење и пераи, како би можеле граѓаните да стигнат до своите возила, пишува тој.
А веќе утринава, тој е со „народот“, каде се разговара за вчерашното невреме:
Уште рано наутро со граѓаните! Сумирање на штетите од невремето и пријатен разговор со моите сограѓани, пишува тој.
Други вести денес: ГОБ „8-ми Септември“ со јапонски донации во вредност од 161.000 евра
Во Градска Општа Болница „8-ми Септември“ – Скопје, денеска ќе се одржи настан по повод затворањето на два проекта во рамки на Јапонската програма за мали проекти односно GGP, во вредност од 161.000 евра.
Како што соопштија од Амбасадата на Јапонија, на свечената церемонија ќе присуствуваат министерот за здравство Беким Сали и јапонскиот амбасадор Хиронори Савада.
Церемонијата е во организација на ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје и нејзиното раководство како знак на благодарност за јапонските донации.
Кулеба ја повика ЕУ да забрани доаѓање на руски туристи
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска ја повика Европската унија да забрани доаѓање на руски туристи, опишувајќи ја мерката како соодветна бидејќи повеќето Руси ја поддржуваат „геноцидната агресорска војна” на нивната земја против Киев.
– Времето за половични мерки заврши, изјави денеска Кулеба пред вториот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Прага.
– Само строга и конзистентна политика може да даде резултати, нагласи тој.
Се очекува министрите да се согласат да го суспендираат договорот за визни олеснувања со Москва, што значи дека Русите ќе мора да чекаат подолго и да плаќаат повеќе за визите, додека Унијата најверојатно ќе остане поделена околу целосна забрана за патување во ЕУ.
– Забрана за издавање визи за руски туристи и некои други категории би биле соодветен одговор на геноцидната агресорска војна на Русија во срцето на Европа, која ја поддржува големо мнозинство руски граѓани, рекол Кулеба во изјава за Ројтерс испратена преку е-пошта.
Тој исто така предложи да се започне специјална програма за руските војници кои повеќе не сакаат да се борат во Украина.
„(Порака): Спаси се и замини. Остави го оружјето, предади се на украинските сили и добиј шанса да започнеш нов живот”, рече Кулеба.
– Убеден сум дека вреди да се даде таа понуда, бидејќи дури и еден руски војник да го остави оружјето и да реши да замине, тоа значи спасени украински животи и се поблизок мир, рече Кулеба.
Почина Михаил Горбачов, последниот советски претседател во Москва
Последниот лидер на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов почина на 92 година. Горбачов ја презеде врвната функција во Кремљ во 1985-тата година во време на таканаречената студена војна меѓу западот и источниот комунистички блок.
Горбачов го почна процесот на отворање на СССР и на дипломатско приближување со западот.
Како лидер на Советскиот Сојуз (најголемата држава на светот со 15 републики) Горбачов се обиде да ја реформира владеачката Комунистичка партија, но и државниот и општествен систем во лидерот на Варшавскиот пакт. Соработуваше со двајца американски претседатели Роналд Реган и Џорџ Буш, постариот.
Најпознатите руски зборови кои се пробија и во западниот говор беа општествените иновации на Горбачов, „гласност“ (предвидуваше отвореност на системот за информирање на граѓаните), „перестројка“ (реструктуирање и реформа на општеството и економијата) и „ускорение“ (забрзување на економскиот развој).
Неговото владеење беше одбележано и со првите ефективни договори за контрола на нуклеарното оружје. Во 1986-та се случи катастрофата во централата Чернобил, најголем нуклеарен инцидент во историјата.
Во февруари 1988-та, Горбачов објави повлекување на советските сили од соседниот Авганистан каде Советскиот сојуз изврши инвазија во 1979-тата година.
Истата година Горбачов се откажа од тогашната советска доктрина и на државите од Варшавскиот пакт им беше овозможено сами да развиваат сопствена внатрешна и надворешна политика, независна од Кремљ.
На крајот на 80-тите години и почетокот на 90-тите години од минатиот век, ерата на Горбачов заврши, тој доби Нобелова награда за мир, а СССР и источниот блок се распадна.
Многу Руси го обвинуваат за пропаста на земјата. Во 1991-ва загуби на првите посткомунистички избори во Русија, а иако неколкупати се обидуваше не успеа да собере доволно гласови за претседателската функција.
Го наследи Борис Елцин кој владееше до 2000-тата гпдина кога во Кремљ беше промовиран Владимир Путин кој денеска изрази сочувство до семејството на Горбачов.
Болницата каде што почина последниот советски владетел соопшти дека Горбачов боледувал од долга и тешка болест.
Многу западни лидери изразија сочувство за смртта на Горбачов кој помогна во надминувањето на разделебиот биполарен свет пред 3 децении иако Украина денеска ги потсетува сите на нерешените прашања од ерата на Горбачов.
Бајден: Горбачов беше редок лидер кој придонесе за побезбеден свет
Американскиот претседател Џо Бајден му оддаде почит на последниот советски лидер Михаил Горбачов, кој почина во вторникот, нарекувајќи го „редок лидер“ и државник кој придонел за „побезбеден свет“.
„Како лидер на СССР, тој работеше со (американскиот) претседател (Роналд) Реган за да го намали нуклеарниот арсенал на двете земји, на големо олеснување на луѓето ширум светот кои се молеа за крај на трката за нуклеарно вооружување. По децении брутална политичка репресија, тој усвои демократски реформи“, вели Бајден во соопштение.
Тој додава дека „неговите постапки беа постапки на редок лидер, лидер кој имаше доволно фантазија да види дека е можна поинаква иднина и храброст да ја ризикува целата своја кариера за да стигне таму“.
„Резултатот беше побезбеден свет и поголема слобода за милиони луѓе“, истакна Бајден.
Михаил Горбачов почина на 92-годишна возраст по долго и тешко боледување.
Тој се смета за една од најзначајните политички фигури од втората половина на 20 век. Добитник е на Нобеловата награда за мир во 1990 година, затоа што придонесе за крај на Студената војна и го дозволи повторното обединување на Германија.