Повеќе студенти од приватниот дом „Пелагонија“ завршиле во болница – причината можеби е труење?
Информацијата само што се прошири
На инстаграм профилот „Студентски отпор“ пред неколку моменти беше објавена вест. Истата не е потврдена од официјалните институции.
-Денес до нас пристигна информација за труење од храна во студентскиот дом Пелагонија во Скопје. Навистина сме згрозени сме од фактот што во моментот многу студенти се жалат и се завршени на инфективните клиники, велат од Студентски отпор преку соопштение.
-Прашуваме јавно, ваков ли студентски стандард и студентски оброци ветуваа луѓето од власта или студентите ги гледаат само како пропаганден материјал за користење, како тоа што беше фамозниот ,,ручек со студентите’’ на премиерот?
Студентски отпор будно ја следи ситуацијата во студентскиот дом Пелагонијa, строго го осудува игнорантниот однос на власта кон студентите и ваквите нехумани услови во кои студентите престојуваат!