Статус на Александар Маленко: За Мој Охрид и Охридско Езеро…
„Роден сум на голем православен празник Св.Јован Крстител 20ти Јануари,ден кога Ние Охриѓани го славиме со к‘пејне за здравје како вековит адет на рибарите.
Растен сум до основно образование како само секое дете можиТ да посакат за себе, одлични комшии, школски другари, семејни пријатели, родителска грижа и домашно воспитување задолжително. Нејсе…
Те памтам и ќе те запамтам Охрид мој (и на другион свет ко ќе дојТ време) како шо личиТ и како шо заслужвиШ,а не како шо последниве 20год,а бога ми тешко дек за брзо ќе се смениТ те навјсаја тешки искомплексирани сељаци и копита,те напраја бетер од прчвара.
Те памтам Охрид Мој ко имаше над 30.000 туристи (период од 80ти до крај 90ти) уШ во Мај,(за Јуни,Јули,Август не се ни броеја) немаше маса слободна Летница, Палас тераса, Ривиера, Клуб 10ка, Стар Чинар, Ла Бамба, Славица, Антико, Мецофорте,
Леб и Сол, Табана, диско Палас ил Парк, да не прајме муабет, освен ак се знаеше Мажестик, со Шибак, Нанец, Тата Миша, Лекар, Пендик, Џепар, Буза, Игор Маленко, Јуре, Ревин, Наџо, Канефче Владо за модни ревии и избор мис, Бонка, Чичко Климе Заро, Чичко Лиа, Чичко Стојан Стар Чинар, Љац и Ицо…Тие беа лепотанчината Охридски со стил до коска, секој во свој сегмент и свое време.
Немоеше туку така од нафталин излезен да бидиш дел од Охрид и Охридско секојдневие. За на плажа да не прајме муабет, си се знаеше градски фаци со фамилии Горица 2 Плочана, фаци градски држеја Градиште 1,2 и од другана стрна, Љубаништа Авто Камп со резервација од пред една година, освен со Охриѓанец асли,инаку малу морген ќе стапниш. И никој не се бунеше си се знаеше ред, ко за на пазар исто!
Ак си сакал да си лепотанЧе за на слика си ојШ кај СкрЧе и си уживаш шо од смеејне шо од брзина за вадејне сличина. Ак ти се пријадело сладолеЦ тазе во корнет си застанвиш на ред со време за кај Горичан.
Се знаеше ред покрај Кеј (Боро Чекреџи) кој мојТ кајче да клајТ и такси да е,кој мојТ глисер да имаТ и да возит,се знаеше кој мојТ тезга да имаТ и шо да продават (ченка печена,костени, детски играчки и рачно изработени производи) на странци.
За риба си се знаеше кој мојТ да фашЧаТ кде како и кога (Стефче М’же) И на никој нишЧо не му фалело нит се бунел од ресторанџија до клиентела.
Ќе те запамтам и по 30-40.000 љуѓе на кеј кога ме пречекаја 1993г како најмлад пливач во светот што препливал официјално трка 30км-Охридски Пливачки Маратон…
Ќе те запамтам Охрид Мој и по Чичко Леко татко на маратонско пливање, по Чичко Климе Савин прв пливачки маратонец маестро, по Лихнида на Ефто Пупиновски, по нешта што се оригинал од Охрид и никогаш не достигнати, а свесно заборавени од надлежните копита кој го водат градот последниве 25год !!!
-До следно видување Охрид Мој, на Наш начин оригинал Охридски , ДрШ Се…“