(ВИДЕО) НБА е во шок, голем инцидент во Детроит: Кошаркарите се искршија од ќотек









НБА лигата е во шок по големиот инцидент што се случи на натпреварот помеѓу Детроит Пистонс и Орландо Меџик. Детроит победија со 121:101, а натпреварот го обележа тепачката која се случи во финишот на првото полувреме.




Се започна кога Мо Вагнер, градејќи ја топката да излезе надвор, го закачи Килијан Хејс кој заврши меѓу соиграчите од клупата. Кога стана, играчот на Детроит го удри со тупаница Вагнер во задниот дел од главата. Кошаркарот на Орландо падна на паркетот, на момент остана без свест.




Во тој момент играчите од клупата на Орландо влетаа на теренот, настана мешаница, но без дополнителни инциденти. Кога ситуацијата се смири судиите ги исклучија Вагнер и Хејс, а во соблекувалната го испратија и Хамидо Диало и тренерот на Детроит Двејн Кејси.




НБА лигата покрена истрага против Хејс, кој се соочува со жестока казна, бидејќи удри противнички играч во ситуација кога тој му беше свртен со грб.



error: Content is protected !!