Hа Аца Лукас му се слошило на концерт во Охрид









Познатиот српски пејач Аца Лукас го прекина концертот во Охрид и на публиката и кажа дека не се чувствува добро и не може да пее.

-Ќе направиме пауза ! “ изусти Аца Лукас синоќа од сцената во еден ноќен клуб во Охрид и после тоа не се врати повеќе да пее.




Неофицијално дознаваме дека на Ликас му била укажана и медицинска помош и тој примал инфузија.




Но ни инфузијата не го „повратила“ и концертот не продолжил.




Пред два дена повеќе медиуми во Србија јавија дека Аца Ликас ги откажал закажаните концерти од здравствени причини, но тој сепак се појави во Охрид.

error: Content is protected !!