Втора жртва во сообраќајна несреќа на патот Штип – Кочани за неполни 48 часа во новата година.
Вчера вечер дојде до судир помеѓу автобус со беровски регистарски таблички и автомобил марка опел астра со пробиштипска регистрација на експресниот пат Штип- Кочани, во близина на клучката на штипската приградска населба Три Чешми.
– Во незгодата од здобиените повреди починал сопатникот во ПМВ „Опел астра“ на возраст од 37 години, додека возачот на автомобилот се здобил со повреди констатирани во Клиничката болница-Штип-изјави Гордана Панајотова.
Возачот на автомобилот е негов врсник, а по извршениот лекарски преглед констатирани се повреди на колкот, поради што е задржан на лекување. Нема повредени патници во автобусот кој учествувал во судирот. Утрото на Нова Година, во бизарна сообраќајна несреќа животот го загуби младо момче од Скопско на возраст од 21 година, а неговиот другар се здоби со повреди. За спречување на идни незгоди од СВР потенцираат дека ќе породолжат со засилени сообраќајни контроли.
– Апелираме до сите возачи и учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, да се придржуваат кон условите и состојбата на патиштата, да не седнуваат зад воланот доколку конзумираат алкохол и да ја почитуваат брзината на движење-додаде Панајотова
Густата магла која деновиве го обви Истокот е уште еден отежнувачки фактор за возачите, поради што од СВР апелират на дополнителна внимателност посебно во вечерните часови.
(ВИДЕО) Сител: Уште една жртва на патот Штип – Кочани
