Kои се 69-те иселеници со МКарта за брза лента на македонските аеродроми?









Научници, лекари, бизнисмени, културни работници. Кои се 69-те иселеници со МКарта за брза лента на македонските аеродроми? МНР не ги открива нивните имиња.




Засега за јавноста е достапна само информацијата дека покрај оваа привилегија, истакнатите луѓе од дијапората ќе можат беплатно да влегуваат и во културните установи во државата.




МКартите ги добиле согласно Законот за надворешни работи, а постои и интерен правилник.




Проектот беше претставен во мај 2021 година, како признание и потврда за истакнати личности или поединци од земјата кои живеат во странство, а кои со својата работа и професионалност покажале истакнат успех, а со тоа и промоција на Македонија во странство.




Забрзаниот премин на нашите аеродроми, што се реализира во соработка со Министерството за внатрешни работи, претставува симболично препознавање на нивниот труд и квалитет, и благодарност на нашите институции и држава, напиша Османи, кога го претстави проектот.

error: Content is protected !!