(ФОТО) Ова е Македонија: Градоначалник од оваа општина сподели фотографии: Утринава се разбудивме ШОКИРАНИ









Вандализам, синоќа испокршени канделабрите по кејот на Брегалница – ете така се сака и почитува заедничкото




Синоќа по патеката на реката Брегалница веројатно под „дејство“ на наплив на љубов и почит кон заедничкото, непознат сторител или сторители направиле акт на вандализам и ги испокршиле канделабрите по пешачката патека на реката Брегалница.




Канделабрите ќе бидат заменети најбрзо што е можно за да нема дел кој не е осветлен по патеката.




Општина Берово случајот ќе го пријави во министерството за внатрешни работи за по службена должност да ги откријат и казнат сторителите.




Таквите поединци кои не се целосно социјализирани и немаат развиено чувство за грижа за заедничкото, делувајте кон нив, подучете ги, објаснете им што е заеднички имот, што е општество, како се грижиме сите за тоа што е наше, што е заедничко, кое се плаќа од сите па и од нивните џебови за да ни биде убаво на сите. Еден од нив да вратиме да биде нормален и чесен граѓанин, пак ќе биде успех.




Како Општина, апелираме да не се уништува ништо, да не се уништува заедничкото, тоа се создава за да ни биде поубаво на сите нас.

Фејсбук статус на градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски:

error: Content is protected !!