Голема трагедија: 20-месечно бебе загина откако град со големина на јаболко паѓаше од небото – настанот се случил во Шпанија

Голема трагедија која ја потресе цела Европа.

Вакво нешто не се памети. Почивај во мир младо момче..

20-месечно бебе загина откако беше погодено од град за време на невремето во шпанскиот град Ла Бисбал д’Емпорда, соопштија властите.

Градоначалничката Карма Вал за шпанската национална телевизија изјави дека бебето било со нејзините родители кога вчера го удрила топка мраз и дека починала утрово во болница, пренесе АП.

Како што изјавила Вал, повеќе од 20 лица добиле повреди по невремето, а многу автомобили и згради биле оштетени од градот.

Силни бури се предвидуваат за источна Шпанија по летните топлотни бранови, на копно и во Средоземното Море, јавува АП.

Невреме – која било опасна метеоролошка појава со потенцијал да предизвика штета, сериозно општествено нарушување или загуба на човечки живот. Видовите на тешки временски појави се менуваат во зависност од географската ширина, надморската височина, топографијата и атмосферските услови.

Силен ветер, град, прекумерни врнежи и пожари се облици и ефекти на јако невреме, како и грмотевици, врнежи, торнада, поплави, тропски циклони и екстратропски циклони. Регионални и сезонски тешки временски појави вклучуваат снежни бури, ледени бури и песочни бури.

ЦУК: Најмногу пријави за поплавени простории и за паднати дрва од вчерашното невреме

По обилните врнежи од дожд и силниот ветар кои вчера попладне го зафатија Скопје на телефонскиот број 195 и преку бројот за итни повици 112 беа примени околу 180 пријави. Од нив, за поплавени простории од објекти – 80, за паднати дрва – 40, за оштетени возила и поплавени улици и подвозници – по 20, оштетени кровни конструкции – 15, скинати проводници, навалени бандери и други проблеми со струја – пет.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи – ЦУК, сите овие пријави и проблеми за нивно решавање редоследно по приоритет биле проследени до: Бригадата за противпожарна заштита БППЗ, Градот Скопје, општините и јавните претпријатија во Градот.

БППЗ на Град Скопје после невремето со нивни екипи интервенирале во десетина случаи за испумпување на навлезена вода од објекти и критичните места.

– На скопските сообраќајници од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека вечерта и ноќта со цистерни и вакум цистерни работеа на исцрпување на насобраната вода и на одзатнување на атмосферската канализација на критичните места (подвозници и главни сообраќајници) и исто така по пријави на граѓани на уште 40-тина други места. Утрово состојбата е нормализирана, наведуваат од ЦУК.

Оттаму додаваат дека од ЕВН известуваат дека дефектите во страна, дефектите во електро системот настанати од атмосферските празнења и силниот ветер во повеќе реони од градот и околината во текот на ноќта се отстранети освен кон селата Дворце и Радуша во Општината Сарај каде жителите се уште се без електрична енергија.

– Според известувањето од Сообраќајната полиција како и ЈСП Скопје од околу полноќ состојбата на сите сообраќајници е нормализирана и утрово сообраќајот и јавниот градски превоз се одвивива нормално, посочуваат од ЦУК.

Михаел Рот во посета на Скопје – уставни измени за да продолжат пристапните преговори

Тоа е наша обврска, на политичарите од Европската Унија и од Германија, да ги охрабриме Македонците и Македонките да го направат следниот чекор во правецот на ЕУ и да знаат дека тоа навистина вреди.

Се надевам дека ќе се создадат услови за уставни измени во македонското Собрание со цел да се вметнат Бугарите во Уставот и да се забрза темпото на преговори на Македонија со ЕУ- порача поранешниот министер за Европа и актуелен пратеник во германскиот Бундестаг Михаел Рот кој е во посета на Скопје. По средбата со претседателот Пендаровски тој кажа дека обврска имаат и европските претставници во идниот период да имаат засилена дипломатска офанзива во земјава за граѓаните да се охрабрат, во време кога се разочарани и фрустрирани од евроинтеграцијата. Никој не може да очекува дека за година или две ќе се подобри ситуацијата, но Македонија направи многу, а остана уште малку за работа- изјави Рот.

-Тоа е наша обврска, на политичарите од Европската Унија и од Германија, да ги охрабриме Македонците и Македонките да го направат следниот чекор во правецот на ЕУ и да знаат дека тоа навистина вреди. Знам дека на многумина воопшто не им паѓа лесно кога станува збор за уставните промени, но секој треба да си го постави прашањето – не како може јас да и помогнам на мојата партија, туку како може јас да и помогнам и да придонесам за мојата земја,вели Михаел Рот – пратеник од германскиот Бундестаг и претседател на Комисијата за надворешна политика.

Пораката дека Парламентот треба да преземе чекори за непречен тек на преговорите со Европската Унија, Рот му ја пренел и на претседателот на Собрание, Талат Џафери, со уверување дека уставните измени нема да бидат на штета на ниту еден Македонец или Македонка, а Германија ќе стои цврсто зад исполнување на ветувањата кон Македонија. Како претседател на германската Комисија за надворешна политика, Рот во Собранието се сретна и со неговиот колега Антонио Милошоски. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ лично му го кажал ставот на партијата дека нема да поддржат уставни измени.

-Изразив жалење што ЕУ не успеа да го спречи агресивниот ревизионизам од Бугарија по однос на самобитноста и етногенезата на македонскиот народ. Ја искористив приликата да го повторам ставот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, дека сме против уцените од Бугарија за смена на Уставот, – напиша Милошоски на Фејсбук.

Во однос на идентитетот и загриженоста кај опозицијата, Рот вели дека никој не може да се меша.

-ЕУ не претставува само внатрешен пазар и заедница која што има една валута, туку дека таа е заедница која има културна и јазична разновидност и дека никој нема право да се меша во културниот идентитет. Ниту еден договор нема да може никогаш да промени нешто од ова основно начело на коешто се базира Европската Унија,истакна Михаел Рот – пратеник од германскиот Бундестаг и претседател на Комисијата за надворешна политика.

Германскиот пратеник се сретна и со вицепремиерот за евроинтеграции Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој е познат поддржувач на патот на Македонија кон ЕУ уште од времето кога ја извршуваше функцијата државен секретар за Европа во владата на Меркел, и е првиот европски политичар кој доаѓа во земјава по означувањето на почетокот на преговорите, во нашиот случај условени со уставните измени.

Михаел Рот во Скопје на средби со државниот врв

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на германскиот Бундестаг, Михаел Рот, денеска престојува во посета на Македонија.

Рот беше примен од претседателот Стево Пендаровски, а средби има и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Пратеникот од германскиот Бундестаг, воедно и претседател на тамошната Комисија за надворешна политика, пред денешните средби со државниот врв на Твитер напиша дека доаѓа во предизвикувачко и фрустрирачко време за Македонците, но оти нема да чекориме сами.

error: Content is protected !!