Ако имате професор или наставник кој ви е близок, побарајте да ЧЕСТИ – големо покачување на платата

„Достоинствено го вреднуваме трудот на наставниците“.

Септемвриската плата за вработените во основното и средното образование е повисока за 15 проценти.

Тоа значи дека околу 32.500 вработени, од кои 25.000 наставници, добиваат дополнителна мотивација за работа и лично вложување во унапредувањето на квалитетот на националниот образовен систем.

Заедно со досегашните зголемувања од 21 процент, вработените во образованието добиваат историски најголема поддршка. И во услови на економска и енергетска криза, пари за наставниците има.

Оваа Влада и Министерството за образование и наука на дело покажуваат дека се грижат за достоинствено вреднување на нивниот труд, желба и посветеност.

Ја реализираме заложбата наставниците да го добијат заслужениот статус во општествената хиерархија, за да можат да бидат главен фактор во унапредувањето на квалитетот на образованието.

Затоа, Министерството за образование и наука обезбедува услови за нивен професионален и кариререн развој преку постојани обуки и можности за напредување во звања.

Продолжуваме да работиме на подигнување на дигнитетот на просветителската дејност и во иднина.

Нова учебна година, нов предизвик – надлежните најавуваат успешен почеток, без проблеми

На ден пред стартот на учебната година, наставници итаат кон општинските згради за да ги земаат прирачниците за прво, второ, четврто и петто одделение од кои учениците во првите месеци ќе учат, бидејќи учебниците не се готови.

На ажурност ги повика и Министерот за образование и наука Јетон Шаќири кој посочи дека децата сепак не се оставени на цедило и од утре ќе имаат од што да читаат. Според него, материјалите се квалитетни и интерактивни, а учебната година се започнува со подобра подготвеност од претходните.

Прирачниците за учење не се како испечатени листови, имаат и тенки корици, опфаќаат дел од програмата за првото тримесечие, а се поделени по десетина страници за предмет. Сепак, во првите страници има материјали за македонски јазик, во вторите математика, а останитете се поделени за други предмети, што значи дека за секое дете има по една книга за сите предмети.

Во меѓувреме, во училиштата освен материјали за учење се расчистуваат ходниците за идните првачиња кои со прослава ќе го започнат својот прв училишен ден.

Дел од раководителите и директорите велат дека годинава е олеснување што нема протоколи и барем не мора да се носат маски, но освен учебниците грижите се и за високите сметки за струја кои се очекувани поради кризата.

Инаку, МОН се уште ги брои запишаните основци годинава, па велат точните податоци ќе ги имаат наредниот месец. Според досега пристигнатите податоци во Министерството, во новата учебна година запишани се без малку 18.000 првачиња.

Работна група во МОН ќе биде во координација со надлежните институции за греењето на училиштата

Во Министерството за образование и наука е формирана работна група која е во координација со министерствата за економија и за финансии и со други надлежни институции, соопшти министерот Јетон Шаќири одговарајќи на прашањето дали МОН има план за затоплување на училиштата во зима во услови на енергетска криза.

– Очекувам ние да имаме отворени училишта, добро да соработуваме, централната власт со локалните самоуправи, добро да ги менаџираме училиштата и најважното тие да ни бидат отворени, рече Шаќири на прес-конференцијата.

На прашање дали ќе се признаваат дипломите од верски образовни институции при упис на факултет, министерот одговори дека МОН поднел Предлог-закон и оти вчера на седница на Влада побарал да се најде решение.

-МОН поднесе Предлог-закон. Голем број ученици кои завршија во верските училишта се обраќаат до институциите. Мислам дека ќе се реши проблемот, ќе се вметнат во образовниот систем и ќе имаат еднакви можности да конкурираат во високото образование, додаде Шаќири.

ВМРО-ДПМНЕ: Власта пак ја изненади почетокот на учебната година

Криминални тендери не забораваат, ама учебници за децата за жал да.

Министерот за образование е целосно одлепен од реалноста. Неговата изјава дека ја почнуваат учебната година поподготвени од претходните би била смешна да не е трагична.

Почетокот на учебната година повторно ја изненади неспособната власт на СДС и ДУИ. За жал први септември ќе го дочекаме без учебници, без свидетелства за завршена претходна година, без главни книги за наставниците и многу други пропусти. Целосна неподготвеност. Очигледно оваа власт е зафатена со криминалот и корупцијата затоа се случува распад систем во секоја област. Најстрашно е што неспособноста и криминалот на власта паѓа на грбот на учениците, наставниците и родителите.

Учебната година почнува без испечатени учебници за децата во прво, второ, четврто и петто одделение. Тоа е срамно и бедно. Власта која не пропушта навреме за себе да си набави службени возила, мебел, шкампи, виски и октоподи, не обезбедила навреме учебници за учениците.

Очигледно криминалот е врвниот приоритет на оваа влада. Со учебниците прават пиши бриши, укинуваат предмети, тераат матни набавки и за жал ги забораваат најмладите. Уништувањето на образованието како да е целта на оваа власт, бидејќи дерогирање на образованието води кон забрзано уништување на државата.

Ова мора да престане, а најдобар начин е оваа антимакедонска власт предводена од СДС да си замине од власт.

Нерамноправен старт во новата учебна година за основците

Задутре започнува новата учебна година, а дел од основците нема да почнат да учат од учебници, туку од други материјали. Доцнењето на учебниците за учениците во прво, второ, четврто и петто одделение се должи на незавршените постапки за нивно одобрување, за предметите за кои има измени во наставната програма. Од МОН велат дека дистибуцијата на материјалите што ќе ги заменат учебниците ќе заврши до почетокот на учебната година.

Новата учебна година која започнува за два дена ги става основците во нерамноправна положба. За разлика од останатите основци, тие кои ќе стартуваат во прво, второ, четврто и петто одделение нема да ја започнат школската година со учебници според новата програма, туку ќе учат од други материјали. Од Министерството за образование велат дека доцнењето на новите учебници се должи на незавршените постапки за одобрување, согласно измените во наставните програми во дел од предметите.

Во тек се постапките за одобрување на нови учебници за овие одделенија и наставни предмети. Сите се во различна завршна фаза и етапно ќе бидат заокружувани, велат од Министерство за образование и наука.

Од МОН велат дека дистибуцијата на материјалите што ќе ги заменат учебниците за предметите за кои се изготвени нови наставни програми ќе биде завршена пред стартот на новата учебна година.

Учениците нема да добијат скрипти, туку материјали кои се квалитетни, креативни и го разработуваат наставниот материјал за првото тримесечје.

Паралелно до училиштата се врши и достава на учебниците за сите останати одделенија – трето, шесто, седмо, осмо и деветто и со оглед на тоа што процесот е интензивиран и ќе заврши до крајот на утрешниот ден, од Министерството за образование апелираат до раководствата на основните училишта да ги подигнат материјалите за учење и учебниците од просториите на општините и да организираат нивна распределба и доделување на учениците на првиот школски ден.

Учениците од четврто и петто одделение ќе добијат учебници и во електронска форма , откако тие ќе бидат изработени, по претходно одобрување, согласно измените во наставната програма.

error: Content is protected !!