Тулај Нурединова Мустафа, прекрасната граѓанка од Битола, на која за долг од 5000 евра и беше земена куќата денеска не напушти прерано, замина во вечноста.
Ми зборуваше дека извршителот дури и алиштата и ги земал, не спиеше со години со голем терет во душата.
Пријавуваше кај Народниот правобранител, во ОЈО, беше константно присутна на сите наши протести, беше и на разговор во Министерството со надлежните.
Бараше правда, беше борец, невидено храбра, стана бездомник, но остана со достоинството како сјајна ѕвезда. Светол да ти е патот Тулај.
Ние ќе продолжиме да се бориме без здив, за правда.
ТАЖНО: Почина битолчанката на која, извршител, за долг од 5 000 евра и ја одзел куќата
