Потпретседателот на СДСМ и поранешен градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев преку социјалните мрежи сподели тажна вест, која особено ги погоди карпошани.
-Денес не напушти архитектот Трајко Димитров.
Човекот кој ги создаде “Партизан”, базенот “Младост” во Карпош, Природонаучниот музеј, “Палома бјанка”, салата на Работнички и многу други препознатливи белези на Скопје, но и другите градови.
Заедно работевме и успеавме да иницираме обнова на “Партизан”.
Се надевам дека Општина Карпош и Агенција за млади и спорт / Agency of youth and sport ќе успеат да постават биста или спомен плоча во салата во негова чест.
Чичко Трајко замина, но делата ќе останат да го разубавуваат Скопје и да бидат пример за денешните и идните генерации архитекти.
Слава му!
Богоев само што сподели тажна вест: Голема загуба – се надевам Општина Карпош и АМС нема да го заборават
