Саша Фарел има само 23 години и има рак.
Сега открива што придонело за тоа да ја добие оваа тешка болест и ве предупредува да не го правите истото.
Ви пренесуваме само дел од нејзината исповед која таа ја објави за сајтот „Elite Daily“.
„Во месец февруари минатата година ми беше дијагностициран меланом, кој е метастазиран во четврти стадиум. Никогаш не сум мислела дека тоа е нешто со што ќе се соочам на само 23 години. Еве ме, речиси заздравувам и живеам во иста соба во куќата на родителите каде и пораснав. Секогаш бев доста внимателна кога станува збор за изложување на сонце. Само еднаш сум била на солариум. Една единствена бемка на мојата глава промени сè.
Го одложував одењето на лекар, бидејќи се плашев, додека не ми кажаа дека повеќе не можам да излегувам надвор. Чувствував дека со моето тело нешто не е во ред. Многумина го немаат овој луксуз, додека не стане предоцна. Кога разбрав што ми се случило целосно го прекинав контактот со сите. Не сакав да ме сожалуваат. Физички се чувствував добро, но психички – бев во тотален хаос.
Се плашев. Не од игли и скалпер, туку од резултатите. Дали ќе живеам доволно долго за да имам деца? Операцијата, која требаше да трае три часа – траеше седум. Ми ги отстранија сите 69 лимфни јазли на левата страна на вратот. Во четири од нив веќе беше се имаше развиено рак.
Потоа отидов и на хемотерапија. Се надевам дека тоа ќе им помогне на сите, да се одлучат навремено да побараат лекарска консултација и преглед.
Само еден од пет Американци добиваат дијагноза рак на кожата еднаш во животот. Чувајте ја својата кожа, бидејќи нема можност да се добие друга“ препорачува ова млада и храбра девојка.
Повеќе за оваа болест:
Рак (медицински термин: злоќудна неоплазма) е класа на болести каде што група на клетки пројавува неконтролиран раст преку поделба надвор од нормалните граници, напаѓање и врзување со соседните ткива, и понекогаш појава на метастази, кои ги шират клетките на други места во телото преку лимфниот систем и крвотокот. Овие три злоќудни својства го одвојуваат ракот од доброќудните тумори, кои се самоограничени и не напаѓаат ниту метастазираат.
Видовите на рак се класифицираат според видот на клетки кои наликуваат на тумор, и според тоа, на ткивото за кое се претпоставува дека е зачеток на туморот. Подолу е хистологијата и местоположбата на видовите рак. Примери за неколку општи категории се:
Карцином: Злоќудни тумори кои потекнуваат од епителни клетки. Во оваа група припаѓаат најчестите видови на рак, вклучувајќи ги ракот на дојката, простатата, белите дробови и дебелото црево.
Сарком: Злоќудни тумори кои потекнуваат од сврзните ткива, или мезенхималните клетки.
Лимфом и леукемија: Злоќудноми кои потекнуваат од хематопоетските (крвотворните) клетки
Бактериски рак: Тумори кои потекнуваат од тотипотентните клетки. Кај возрасните најчесто може да се најде во тестисите и јајчниците, додека кај фетусите, бебињата и малите деца најчесто се наоѓаат во средишниот дел на телото, на врвот на опашната коска, а кај коњите во основата на черепот.
Бластен тумор или бластом: Тумор (обично малигнен) кој наликува на незрело или ембрионско ткиво. Овие тумори се најчести кај децата.
Злоќудните тумори (видови рак) обично се именуваат користејќи –карцином, -сарком или –бластом како наставка, и латинскиот или грчкиот збор за органот од кој потекнуваат како корен на името. На пример, ракот на црниот дроб се нарекува хепатокарцином, ракот на масните клетки- липосарком итн. Доброќудните тумори (кои не се рак) се именуваат користејќи –ом како наставка, и името на органот како корен. На пример, бенигнен тумор на мазната мускулатура на матката се нарекува леиомиом (почест израз за овој вид тумор е фиброид). За жал, и некои видови рак ја користат наставката –ом, како што е случајот со меланом и семином.
Знаци и симптоми
Симптомите на рак можеме грубо да ги поделиме во три групи:
Локални симптоми: невообичаени грутки или отекувања (тумори), крварење, болка и/или улцерација. Притискањето на околните ткива може да предизвика симптоми како жолтица (пожолтување на очите и кожата).
Симптоми на метастаза (ширење): зголемени лимфни јазли, кашлица и хепатомегалија (зголемен црн дроб), болка во коските, кршливост на заразените коски и невролошки симптоми. Иако ракот во напредна фаза може да предизвика болка, таа најчесто не е првиот симптом.
Системски симптоми: губење на тежина, слаб апетит, исцрпеност, кахексија, прекумерно потење, анемија (слабокрвност) и специфични паранеопластични феномени, т.е. специфични услови кои се должат на активниот рак, како тромбоза или хормонални промени.
Секој симптом од горенаведените може да биде предизвикан од различни услови (листа која се нарекува диференцијална дијагноза). Ракот може, но не мора да биде заедничка за причина за секој од нив.
Видовите на рак пред се, се болест на животната средина, со 90-95% од случаите кои се должат на начинот на живот и факторите на животната средина и 5-10% кои се должат на генетиката.[1] Најчестите фактори на средината кои доведуваат до рак (15-20%) се: тутунот (25-30%), начинот на исхрана и преголемата тежина (30-35%), инфекциите (15-20%), зрачењето, стресот, недостатокот на физичка активност, и загадувачите на животната средина.
Патогенезата на ракот може да се следи назад до мутациите во ДНА-та кои влијаат на растот на клетките и метастазите. Супстанциите кои ги предизвикуваат овие мутации се познати како мутагени, а мутагените што предизвикуваат рак се познати како карциногени. Посебни супстанции се поврзуваат со посебни видови на рак. Пушењето е поврзано со неколку форми на ракот, и е причинител на 90% на рак на бели дробови. Долгото изложување на азбестни влакна е поврзано со појава на мезотелиом. Многу мутагени се и карциногени, но некои карциногени не се мутагени. Алкохолот е пример за хемиски карциноген што не е мутаген. Вакви хемикалии можат да го поттикнат ракот со стимулација на стапката на клеточна делба. Поголема стапка на репликација, остава помалку време за репараторните ензими да ја поправат оштетената ДНА за време на репликацијата, со што се зголемува можноста за мутација. Децении на истражување ја покажаа врската меѓу пушењето и ракот на белите дробови, грлото, главата, вратот, стомакот, мочниот меур, бубрезите, хранопроводот и панкреасот. Чадот од цигарите содржи преку 50 познати карциногени, вклучувајќи ги нитросамините и полицикличните ароматични јаглеводороди. Тутунот е одговорен за еден од три смртни случаи предизвикани од рак во развиените земји, и еден од пет смртни случаи во целиот свет. И навистина, ракот на белите дробови во Соединетите Американски Држави е пропорционален на пушачките навики, кои се зголемиле и со тоа стапката на ракот на бели дробови драматично се покачила, а од понеодамна се намалиле и со тоа се намалила и смртноста од овој вид на рак. Сепак, бројот на пушачи во светот се` уште расте, водејќи до состојба која некои од организациите ја опишуваат како „тутунска епидемија“. 2-20% од случаите се претставени со рак поврзан со работното место, професијата. Секоја година, најмалку 200 илјади луѓе ширум светот умираат од рак поврзан со нивното работно место. Милиони работници имаат ризик да заболат од рак, како рак на белите дробови или мезотелиом, што се добива при вдишување азбестни влакна и чад од цигари, или леукемија, ако на нивните работни места се изложени на бензен. Во моментов, најголем број на смртни случаи од рак поврзан со работното место се случуваат во развиениот свет. Според пресметките, секоја година во Соединетите Американски Држави има околу 20 илјади смртни случаи од рак и 40 илјади нови заболени.
Рак можат да предизвикаат и извори на јонизирачко зрачење, како на пример гасот радон. Долготрајното изложување на ултравиолетово зрачење од сонцето може да доведе до појава на меланом и други злоќуднитети на кожата. Според еден извештај, околу 29 илјади на идни случаи на заболувања од рак ќе бидат последица од 70 милиони компјутеризирани томографии извршени во Соединетите Американски Држави. Проценето е дека 0,4 % од сегашните заболувања од рак во САД се должат на компјутеризирани томографии извршени во минатото и дека овој процент може да се зголеми и до 1,5-2% според стапката на користење на овие скенирања. Нејонизирачко радиофреквентно зрачење од мобилните телефони и другите слични уреди кои користат радиофреквенции е исто така наведено како причинител на рак, но сè уште нема доволно докази да се поткрепи оваа теза.