(ВИДЕО) Шокантни сцени: На Ѓоковиќ му пукна филмот – па настрада неговиот брат: Излезиии, излезииии









Новак Ѓоковиќ во жестока битката која траеше повеќе од три часа на крајот успеа да слави над Себастијан Корда, а покрај тоа што имаше убави зборови за Американецот, Србинот по победата му се обрати и на својот тим.




Ноле денеска спасуваше меч топка во Аделејд и со пресврт ја освои 92-та титула во својата кариера, но до истата дојде со доста нервоза и бесни реакции на теренот.




Србинот посебно беше лут по крајот на првиот сет кој го загуби во тајбрејкот, по што му нареди на својот брат Марко да ги напушти трибините.



Како и многупати досега, Ѓоковиќ успеа да се смири со неколку добри потези на теренот, па откако славеше со 2:1 (6:7, 7:6 и 6:4), јавно му се обрати на својот брат.




– Благодарност до мојот тим што ме трпи и толерира и во добро и во лошо. Сигурен сум дека денеска не беше лесно за нив. Мојот брат Марко исто така е тука, а тој не е толку често на моите натпревари. Ти благодарам што дојде Маре, те сакам, – му порача Новак.

error: Content is protected !!