Супер вест за СИТЕ од Македонија кои сакаат да работат во Германија – донесена одлука која ги шокираше сите









Германија „очајна“ за работна сила. Во наредниот период државата планира да собере 50 илјади балканци за работа.




Германските власти ја разгледуваат можноста да се удвои квотата за доселување и на неквалификуван кадар од земјава, но и соседството, Србија, Црна Гора, Босна, Албанија и Косово, со цел да се пополнат празните работни места. Така, само националната железничка компанија за годинава најави дури 25 илјади вработувања, за што веќе има и објавено оглас, а познавањето на германски не е задолжително…




Предлог законот со новите правила за државите од Западен Балкан го објави германската новинаска агенција ДПА.. Економските аналитчари во земјава, семтаат дека овие олеснувања дополнително ќе ја испразнат Македонија, а најмногу ќе трпи стопанството кое и сега кубури со кадар..




„Тоа е голема загуба од економска гледна точка и е загуба за секоја економија, бидејќи претежно одат млади. / Младите кога ќе се вработат овде, првата плата им е многу ниска, дури и во државни институции имаат пробен период каде добиваат по 50 па 70 %, па дури по некаде една година добиваат 100% од платата. Сите овие работи се ограничувања и поттик младите да заминат.“ изјави Гадаф Реџепи, економски аналитичар.




Со измените на законот, Германија планира да воведе и таканаречена „карта со шанса за барање работа.“ Односно, можност луѓето да се доселат во Германија и на лице место да бараат работа. Картата ќе се доделува по нов систем на бодирање, на секој еден кој ќе собере 6 поени од можни десет бода за стручна квалификација, познавање германски и возраст.

„КАРТА СО ШАНСА ЗА БАРАЊЕ РАБОТА“ – 6 БОДА

4 бода – стручна квалификација




3 бода – познавање на германски јазик или три год. работно искуство

2 бода – помлади од 35 год.

1 бод – шест месеци легално престојувал во Германија




Во документот стои и дека се олеснува процедурата за добивање германско државјанство, а ќе се дозволува и двојно државјанство. На пример, децата родени во Германија чии родители се Македонци, ќе можат да имаат и германско и македонско државјанство.

error: Content is protected !!