Драма во Поликлиника во Скопје: Маж кршел прозори – сакал да се пресмета со докторот









Драма во Поликлиника во Скопје: Маж кршел прозори – сакал да се пресмета со докторот




Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 08.01.2023 во 00.45 часот на подрачјето на Драчево од полициски службеници бил лишен од слобода З.П.(48) од Скопје поради тоа што околу 00.20 часот во Поликлиниката Драчево агресивно се однесувал кон лекар и се обидел физички да го нападне, по што скршил прозорско стакло во холот.




Тој е приведен во полициска станица, при што во службен разговор во целост го признал извршеното кривично дело.




Во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

error: Content is protected !!