(ВИДЕО) Светот стравува од граѓанска BOJHA: Приврзаници на Болсонаро упаднаа во зградата на Врховниот суд и Сенатот









(ВИДЕО) Светот стравува од граѓанска BOJHA: Приврзаници на Болсонаро упаднаа во зградата на Врховниот суд и Сенатот




Приврзаници на бразилски крајно десничарски поранешен претседател, Жаир Болсонаро упаднаа во Конгресот и покрај полициските обиди со солзавец да ги одврати од намерата.




Тие одбиваат да прифатат дека Болсонаро ги загуби изборите во октомври лани, излегоа на улиците на Бразилија, ги пробија полициските кордони и влегоа во зградата на Врховниот суд и на Сенатот.




Демонстрантите повикуваат на интервенција на армијата и оставка на новоизбраниот претседател, Луис Инасио Лула да Силва.




Ситуацијата во Бразилија во многу наликува на онаа од Капитол во 2020 година, кога приврзаници на тогашниот претседател Доналд Трамп упаднаа во зградата во неуспешниот обид да го спречат Конгресот да го потврди исходот од претседателските избори и победата на Џо Бајден.




Болсонаро го напушти Бразил 48 часа пред истекот на мандатот, додека Лула моментално е на службено патување во Сао Пауло.

error: Content is protected !!