ВАЖНО: Ковачевски утринава телефонски разговарал со Зеленски – еве за што зборувале









ВАЖНО: Ковачевски утринава телефонски разговарал со Зеленски – еве за што зборувале




Македонскиот премиер Димитар Ковачевски – Таче преку социјалните мрежи откри дека утринава разговарал со претседателот на Украина, Зеленски.




Еве што напиша тој:




Во денешниот телефонски разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја пренесов во мое лично и во име на граѓаните поддршката на Северна Македонија за украинскиот народ во бруталната, неоправдана и непредизвикана воена агресија која Русија ја врши врз Украина.




Како НАТО членка ќе продолжиме со поддршката и помошта.




Во разговорот особен фокус ставивме на развојот на настаните на воениот фронт и улогата која ОБСЕ може да ја има во можностите за прекин на војната.




Му пренесов на претседателот Зеленски дека како премиер на земја претседавач со ОБСЕ во план е посета на Украина.

error: Content is protected !!