Доаѓа вистинската зима: Метеоролозите најавуваат снег









Доаѓа вистинската зима: Метеоролозите најавуваат снег




Попладнево најпрвин во западните, а во текот на ноќва и во останатите делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, каде што ќе се формира нова снежна покривка, најавуваат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.




Наместа врнежите ќе бидат со пообилен карактер (локално над 20 л/м2). Од утре попладне врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места со послаб интензитет.




Утре и во среда ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Во среда и четврток ќе преовладува променливо облачно и студено време со повремени слаби локални врнежи претежно од снег.




И во Скопската Котлина во текот на ноќва и утре ќе има повремени врнежи од дожд. Утре и во среда ќе дува умерен до засилен северен ветер.

error: Content is protected !!