Поранешната водителка и советничка на Заев, убавата Иванна се разведе од Влатко – веќе има нова љубов









Поранешната водителка во А1 телевизија и шефица на протокол на екс-премиерот Зоран Заев, Иванна Хаџиевска ставила крај на својот брак, информираат повеќе медиуми.




Насмевката е украс на нејзиното лице. Истрајна во правдината за послабите и немоќните, да го добијат заслуженото во нашето општество. Енергично чекори во светот на својата професија. Ја паметиме како убава, харизматична и секогаш расположена од телевизискиот екран.




Таа вели дека како дипломиран социолог, а подоцна и магистер на политички науки, по некој редослед на настаните се нашла во оваа политичка приказна.




Каков е премиерот Зоран Заев како ваш надреден, таа рече:




„Надреден“ е погрешен збор, преферирам да кажам дека е прв во тимот, бидејќи никогаш не се поставил така за некој од нас да почувствува хиерархија. И покрај важноста на функцијата што ја има, обврските и одговорностите, остана ист, непосреден, близок со луѓето, многу поразличен од политичарите на кои навикнавме.




На прашањето како ја дефинира љубовта, таа рече:

– Ми се чинеше дека ги убив пеперутките уште пред многу години, но еве ги, прелетуваат од време – на време, за да ме потсетат дека ми е убаво.




Веќе на големо се зборува дека Иванна и нејзиниот сопруг Влатко се развеле, а според дел од медиумите, таа веќе има нов партнер.

-Поранешната водителка и советничка во владата годинава му стави крај на долгогодишниот брак со Влатко Кошевалиски. Сепак, секогаш насмеата Иванна не остана долго сама, па како што зборува чаршијата, веќе е во љубов со доктор од Битола, пишува порталот „Република“.

error: Content is protected !!