ВЕЧЕРВА нема да спие: Жан Митрев од ОЈО дознава за што ќе одговара и колку години затвор може да добие









ВЕЧЕРВА нема да спие: Жан Митрев од ОЈО дознава за што ќе одговара и колку години затвор може да добие




Основното Јавно Обвинтелство утре ќе информира до каде е предметот оформен по допрен глас во врска со сомненија за измама на пациенти.




Станува збор за доктор Жан Митрев, кој во емисијата „Нечиста крв“ на ИРЛ беше посочен дека во приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќал на пациентите високи суми на пари за хемофилтрација при лечење од Ковид-19, а таа метода не била пријавена пред Агенцијата за лекови -МАЛМЕД.




Обвинителите Гаврил Бубевски и надлежниот јавен обвинител во предметот Искра Хаџи Василева ќе им соопштат на новинарите за текот на истрагата, дали таа продолжува, дали ќе оформат обвинение или не успеале да најдат доволно докази за да го докажат делото „сомнение измама на пациенти“.




На брифингот ќе присуствуваат Основниот јавен обвинител на ОЈО, кардиохирург, сопственик на приваната клиника „Жан Митрев – клиника“, но и личност која ја подели македонската јавност.

error: Content is protected !!