Ердоган открива шокантни информации: Нема да верувате – еве кој најмногу заработува од војната меѓу Русија и Украина









Во моментот на слаба активност на меѓународната заедница и богатењето на трговците со оружје на сметка на украинската криза, Турција единствена разговара со двете завојувани страни.




Турција е единствената земја која истовремено разговара со Русија и Украина со цел пронаоѓање на мирно решение, изјави претседателот Реџеп Тајип Ердоган.




„Што направија тие во руско-украинската војна? Дали светот се вмеша на некој начин? Не. Сите тие им помагаат на трговците со оружје. Тие се загрижени за тоа, како заработуваат трговците со оружје, каде а земаат својата добивка и што добиваат“, рекол тој.




Турскиот лидер подвлече дека Анкара ја интересиракако да обезбеди мир. Според неговите зборови, тој истиот ден се состанува со претседателот на Русија Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски и се обидува да сфати на кој начин да ги смири. Телефонски разговор на рускиот и турскиот лидер е одржан на 5-ти јануари.




Владимир Путин во текот на разговорот ја потврдил подготвеноста за сериозен дијалог со Украина под услов Киев да ги исполни познатите барања и да ги земе предвид новите територии.




Ердоган подвлече дека повиците за мир мора да бидат поддржани со едностран прекин на судирите и регулирање на несогласувањата. По почетокот на специјалната воена операција во Украина, турскиот претседател повеќе пати предложил да посредува во регулирање на судирите.

Кон крајот на март 2022-ра година во Истанбул е одржана рунда преговори меѓу Киев и Москва. Турскиот лидер предложи да се организира и состанок на Путин и Зеленски.

error: Content is protected !!