ГОТОВО Е: Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески влезе во затвор – еве со кого е во ќелија









Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, кој е осуден на ефективен затвор од 7 години, од вчера е спроведен во прилепскиот затвор каде што ќе ја издржува казната, по три години поминати во домашен притвор.




Неговиот прв соработник, секретарот на Општина, Битола Слободан Бончановски, е спроведен во битолскиот затвор „Црн Мост“.




Поранешниот градоначалник на Битола заедно со секретарот Бончановски, се ефективно осудени за злоупотребите во случајот „Транспортер“ со бесплатниот школски превоз. По маратонското судење кое траеше неколку години, Талески најпрво беше осуден на осум години затвор, а Апелација му ја намали казната на седум години.




Тој помина три години во домашен притвор, па така за издржување казна затвор му останаа уште четири години.

Талески е сместен во затворска ќелија со други затвореници, а директорот Дамески вели „како за сите, така и за него“.




Исто толку години во домашен притвор помина и Бончановски, кој беше осуден на шест и пол години затвор, но како и Талески и тој од Апелација доби намалување на казната во траење од една година.




Останатите 20 обвинети во случајот „Транспортер“ се ослободени, или осудени на условни казни затвор.

Покрај затворските казни, осудените ќе треба да ја надоместат штетата која ја претрпи Општината Битола во износ од 360.000 евра

error: Content is protected !!