Супер вест за оние што СКЕНИРААТ сметки – донесена голема промена и сите ќе земаат ПОВЕЌЕ ПАРИ
Од оваа година повратот на данокот на додадена вредност од фискалните сметки наместо 1.800 денари ќе се зголеми на 2.100 денари. Предлог-законското решение е во собраниска процедура и ставено е како шеста точка на денешната 99. пленарна седница. Законот се носи по скратена постапка.
Правото на враќање на ДДВ се остварува за секое календарско тримесечје во кое е издадена фискалната сметка.
На предлог на Министерството за финансии, Владата на 27 декември 2022 година го утврди текстот на Предлог-законот со кој се зголемува максималниот износ на поврат на ДДВ што може да го добие едно физичко лице со скенирање на фискални сметки за едно тримесечје.
Супер вест за оние што СКЕНИРААТ сметки – донесена голема промена и сите ќе земаат ПОВЕЌЕ ПАРИ
