Сите што се родени на овие датуми имаат посебна карма – Дали сте меѓу нив

Во нумерологијата има теорија дека луѓето родени на 13-ти, 14-ти, 16-ти и 19-ти, без разлика од месецот и годината, имаат посебна карма. Прочитајте за што станува збор…

Луѓето родени на 13-ти

За овие луѓе се вели дека ќе го остварат секој сон и секоја цел, но мора да се научат да се справат со пречки. По секој неуспех тие се во колапс емоционално, престануваат да веруваат во себе, имаат чувство дека е крајот на светот, наместо да земат поука и да бидат благодарни што имаат таква можност.

Секоја цел во животот тие ќе ја постигнуваат задолжително со една или две пречки. Но, тоа не треба да ги плаши, туку напротив, да ги мотивира!

Луѓето родени на 14-ти

Овие личности се склони кон фриволно однесување да изневеруваат, да не ги почитуваат другите, да си прават што сакаат. Доколку сте и вие од нив знајте дека вашата карма помалку паѓа во искушенијата и треба да си поставите цел, која ќе ја следите. Таа може да е поврзана со личен развој, развој на бизнисот, учење. Се проценува дека вие имате сила да го промените дури светот.

Луѓето родени на 16-ти

Штом сте родени на тој датум, тоа значи дека треба да дејствувате иновативно. Вие имате карма да иницирате и да ги водите останатите по себе. За целта се бара многу храброст и силна интуиција. Не грижете се, и двете ги имате во изобилство, само потребно е повеќе да поверувате во себе.

Не смеете да сте иронични и цинични – тоа однесување ќе ви создаде негативна енергија, која ќе ве оддалечи од судбинскиот пат кој е потребно да се следи. Секој ден треба да давате почеток на нешто ново. И да го правите со сета своја љубов и желба. На пример да посадите дрвце, да заработите пријател, да му помогнете на некого, да направите креативна промена на работното место, да посетите ново место.

Луѓето родени на 19-ти

Вие сте луѓето кои изобилуваат со морална и емоционална поддршка за останатите. Склони сте кон затворање и да си седите главно дома. Тоа треба да се промени. Секој ден треба да разговарате со познати и непознати. Да давате совети, да ги сослушате, да помагате, да мотивирате.

Благодарение на вас и вашите зборови, многу луѓе ќе ја откријат среќата, љубовта, а на некои дури и ќе го спасат животот! Вие сте амбасадорите на доброто, раздавачи на надежта, вие сте мудри советници – тоа е вашата судбина.

Броевите во македонскиот јазик се зборови што се користат во македонскиот јазик за искажување количини. Броевите имаат три рода (машки, женски и среден), можат да се членуваат и се појавуваат во повеќе форми како: основни броеви, редни броеви, колективни броеви и мултипликативни броеви. Членувањето на броевите зависи од родот на именката.

Броевите од 10 до 20 се формираат така што се додава наставката -наесет на основниот број. Наставката доаѓа од старомакедонската наставка за броевите „-на десет“.

Десетките 20, 30, 40 и 60 се прават така што се додава наставката -есет (од старомакедонскиот -десет). За десетките 50, 70, 80 и 90 се додава целиот страромакедонски наставка -десет. Забележете дека кога се формира бројот 60 не изговараат и пишуваат последните две букви од бројот шест. Така имаме: шест > шеесет. Исто така кога се формира бројот 50 не се изговара последната буква од бројот пет. Ова е така поради полесниот изговор на зборот.

Броеви

македонски јазик, менливи зборови, морфологија

Броеви се зборови со кои се означува количеството на предметите, било да е тоа точно избројано или само приближно определено.

Броевите стојат до именките, па затоа понекогаш од нив ја преземаат членската морфема, но кај нив нема род и број (освен кај броевите еден и два).

Разликуваме два вида бројност: одредена и приближна.
А. Одредена бројност

1. Меѓу броевите што ја изразуваат одредената бројност со своите форми се издвојуваат еден и два по тоа што имаат форми за род.

еден (м.р) една (ж.р.) едно (ср.р)
два (м.р.) две (ж.р.) две (ср.р.)

Бројот еден, освен бројното развил и друго значење, односно се јавува во улога на заменка.

На пр.: Некој човек – еден човек.

Со вакво значење тој образувал и множина.
На пр.: Едни луѓе.

Прости зборови се броевите од еден до десет и бројот сто.

Броевите: нула, илјада, милион, милијарда, билион и сл. се прости зборови, и иако означуваат бројност (количество) тие се однесуваат како именки.

2. Од простите зборови по пат на придодавање и срастување се добиени сите други броеви – сложените броеви.

а) Десетиците – се добиени со просто прилепување на соодветната единица и бројот десет, но во некои случаи гласот д се изгубил:

дваесет, триесет, четириесет, педесет, шеесет, седумдесет, осумдесет, деведесет.
б) Стотките се различни состави со изведенки од сто:
двесте, триста, четиристотини, петстотини, шестотини, седумстотини, осумстотини, деветстотини.
в) Кон десетиците се придодаваат единечните броеви на два начина:
– од 10 до 19 се сврзуваат со предлогот на:
единаесет, дванаесет, тринаесет, четиринаесет, петнаесет, шеснаесет, седумнаесет, осумнаесет, деветнаесет.
– од 20 нагоре се сврзуваат со и:
дваесет и еден, дваесет и два, педесет и четири, деведесет и девет;
Вакво сврзување имаме и кај броевите од сто нагоре:
сто и еден, двесте седумдесет и пет, осумстотини и два.
3. Зад броевите што завршуваат со еден, именката стои во еднина.
На пр.: сто дваесет и една клупа; илјада и еден човек.
4. Ако именката пред која стои бројот се мисли како определена, тогаш членската морфема ја прима бројот.
На пр.: Врати ми ги стоте денари.
Членот директно се додава на бројот и имаме удвојување на т: петте, деветте, десетте; освен во: шесте.

Стотките се членуваат различно: стоте, двестето (двестете), тристата, четиристотините, петстотините, шестотините, итн.
Б. Одредена бројност за лица

За означување број на лица од машки род се употребуваат специјални бројни форми изведени од простите броеви: двајца, тројца, четворица, петмина, шестмина, седуммина, осуммина, деветмина;

Овие броеви се членуваат: двајцата, тројцата, четворицата, петтемина, шестемина, седумтемина, осумтемина, деветтемина.

В. Приближна бројност

1. Приближната бројност обично се искажува така што ќе се сврзат и ќе се изговорат со еден акцент два соседни броја.
На пр.: три-четири, пет-шест.

а) Кај броевите поголеми од 10 во првиот дел оди најчесто само соодветната единица.

На пр.: два-тринаесет, три-четириесет.

Но, кај некои броеви е необично ваквото сврзување, па затоа се изговараат поединечно.

На пр.: единаесет-дванаесет, четириесет-педесет.

2. Од броевите над десет и од бројот сто се образуваат форми за приближна бројност со наставката: -ина.

На пр.: десетина, дваесетина, стотина.

* Правописно обрнете внимание на бројот 6 и броевите изведени од него:

6 – шест (членувано: шесте); 16 – шеснаесет (чл. шеснаесетте); 60 – шеесет (чл. шеесетте); 600 – шестотини (чл. шестотините); за лица 6 – шестмина (чл. шестемина).

error: Content is protected !!