Линда Френклин, мајка на два сина, разведена, го запознала Мет кога имала 47, а тој 30 години. Во текот на нивната дванаесет годишна врска, тој во меѓувреме запознал друга девојка, се оженил, но тие и понатаму ја одржувале врската.
Пред точно една година раскинав со Мет. Лежевме во кревет, и јас му соопштив дека е време да престанеме да се гледаме. Тој го испи чајот до крај, се облече, ме бакна и си замина од мојот живот. Повеќе не го видов. Беше тоа без сомнение една од најнесебичните работи кои сум ги направила во животот. Имено, тој беше во брак и доби син, а јас го ослободив од овој притисок и му овозможив да биде добар сопруг и татко.
Лина вели дека тоа не го направила поради чувството на вина, туку заради неговиот син, а и поради Мет. Почувствувала дека Мет е подготвен во целост да му се посвети на своето семејство. Додава дека не зажалила заради својата одлука.
Таа смета дека сопругата на Мет треба да и се заблагодари што Мет се оженил и се “смирил”, и дека својата среќа сопругата на Мет ја остварила благодарејќи на нејзе.
Се запознаеле во дискотека, таа веќе била разведена. Смета дека, ако жената е постара од мажот, тоа е погодно за нивниот однос, бидејќи кај неа не чука биолошкиот часовник, не е оптеретена со тоа, и затоа односот е опуштен.
Мет никогаш не ги запознал нејзините синови, таа никогаш не прашувала за неговите девојки. Не била љубоморна ниту лута на него. Во еден момент почувствувала дека запознал девојка која е поинаква од неговите поранешни девојки и била изненадена бидејќи сакал да продолжат да се гледаат.
-Всушност, јас на некој начин го искористував Мет. Ми ја подигнуваше самодовербата, ми овозможуваше да избегам од секојдневието и обврските на неколку часа кои заедно ги поминувавме, најчесто во мојот стан.
“Едноставно, го сакам тоа”, гласел неговиот одговор кога го прашала зошто и понатаму сака да се гледаат”. За мене тоа беше знак за неговата незрелост и неспособност озбилно да се врзе.
Фала му на Бога што сум негова љубовница, а не жена”, си помислила Линда.
Секогаш била тука да му помогне околу неговите дилеми, и го бодрела да се снајде во новите улоги, како сопруг и татко. Во еден миг почувствувала дека е подготвен да продолжи без неа.
Аферите всушност можат да го подобрат бракот, тврдат 77% од луѓето кои учествувале во новото истражување спроведено на веб страната Illicit Encounters. Помеѓу испитаниците кои сметаат дека изневерувањето влијаело кон подобрување доминираат мажите, пренесува The Sun.
Две третини од оние кои изневеруваат велат дека имаат среќна врска и покрај тоа што “си играат”, а само 33% од зафатените рекле дека се во несреќна врска.
Истражувањето кое опфатило 2.000 љубовници откриле дека жените често велат дека се сѐ уште во среќен брак и покрај аферите, односно 71 % од нив во споредба со 63% од мажите.
Мажите доминираат во ставот дека аферата го подобрила нивниот брак, а 81% рекле дека изневерувањето е добро за нив во однос на 72% од жените.
Истражувањето исто така покажало дека и покрај тоа што признаваат дека го изневеруваат партнерот, 94% би биле бесни доколку откријат дека партнерот исто така ги изневерува.
Џесика Леони, која работела на ова истражување рекла: “Не сум шокирана што среќните луѓе изневеруваат. Прељубниците не сакаат да ги напуштат своите партнери, тие сакаат само дополнително да го зачинат својот живот”.
ШЕСТ ГЛАВНИ ПРИЧИНИ ЗОШТО ИЗНЕВЕРУВАМЕ
Кога станува збор за изневерувањето, прво се поставува прашањето – што точно е изневерување? Дали веќе зборуваме за изневерување уште кога започнуваме да размислуваме за други луѓе, кога флертуваме или пак само кога стапуваме во контакт со друга личност?
Кога станува збор за изневерувањето, прво се поставува прашањето – што точно е изневерување? Дали веќе зборуваме за изневерување уште кога започнуваме да размислуваме за други луѓе, кога флертуваме или пак само кога стапуваме во контакт со друга личност?
1. ЗДОДЕВНОСТ ВО ВРСКАТА
Кога сте со една личност, по неколку години веќе знаете сèза неа и сите денови започнуваат да наликуваат еден на друг. По некое време добивате чувство дека сèсе случува околу Вас и токму затоа се впуштате во потрага по возбуда и започнувате да изневерувате.
2. ЗАВИСНОСТ ОД ПАРТНЕРОТ
Луѓето кои започнуваат да изневеруваат веројатно се зависни од партнерот, без разлика дали се работи за емоционална или финансиска зависност. Се чувствуваат потчинети и не се осмелуваат да се спротистават или да го напуштат партнерот бидејќи се „кукавици“ и затоа се впуштаат во авантури со изневерување.
3. ПРОБЛЕМИ СО ИНТИМНОСТА
Голем број луѓе имаат проблеми со интимноста. Кога врската ќе влезе во напредните фази и веќе ќе треба да се инвестира во неа, тие се преплашуваат и започнуваат со излетите.
4. НА ВИСТИНСКОТО МЕСТО ВО ВИСТИНСКО ВРЕМЕ
Непланираните афери укажуваат на тоа дека не било сèво ред во Вашата врска.
5. ЕМОТИВНО НЕЗАДОВОЛСТВО
Ако едниот партнер е преокупиран со работата, сопствениот живот или пак нешто друго, другиот партнер веројатно се чувствува емоционално запоставен во врската и се соочува со емотивна празнина.
6. ПОРНО
Интернет порнографијата може да има негативно влијание врз стабилните врски. Затоа, бидете внимателни…
Најновото истражување во кое учествувале 2.400 испитаници. Одговори давале сингл луѓе, двојки и терапевти.
За една работа нема никакво двоумење: за 95% од жените и за 81% од мажите бакнежот се смета за изневерување. Истите проценти се во прашање кога станува збор и за допири и интимни и еротски разговори.
Меѓутоа, сѐ останато е комплицирано за дефинирање и тешко е да му се даде некаква етикета.
На пример, следењето на бившите на социјалните мрежи, споделување на деловна тајна или проблем со колегите, со друга личнот која не ви е партнер, за жените спаѓа во „сива зона“.
Кога станува збор за гледањето порнографски одржини, повеќето жени гласале дека тоа не е изневерување.
Терапевтката Естер Перел во нејзината книга „Како стојат работите: Нов поглед на неверството“ објаснува дека при неверство играат улога состојбата на врската и карактерот на оној кој изневерува.
„Тој што изневерува во лоша врска всушност не сака друга личност, туку да се доживее себе си од друг агол. Во оваа ситуација, врската тешко се опоравува од изневерувањето“, вели таа.
Терапевтот Роберт Вајс додава:
„Неверство е сѐ што правите скришно во врската или бракот и за кое знаете дека не би му се допаднале на вашиот партнер или не би ги одобрил.“
Неговиот совет е партнерите да разговараат искрено и сами да ги одредат границите на прифатливото во нивната врска.