Без Албанци нема Северна Македонија, рекол Ахмети на средбата во Тирана









На средбата меѓу лидерите на албанските политички партии во Македонија со премиерот на Албанија Еди Рама која се одржа синоќа во Тирана, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, рекол дека Македонија и Албанија имаат заедничка иднина во Европската Унија, но дека тие се исправени и пред заеднички предизвици во овој период.




Ахмети по средбата изјави дека се разговарало и оти „мора да се спречи заминувањето на младите од Македонија и од Албанија во европските земји и оти стандардите на двете земји треба да се усогласат со оние на земјите од ЕУ“. Тој исто така рекол и дека „Без Албанците нема Северна Македонија“, пренесе Радио Слободна Европа.




Според Ахмети, средбата со премиерот Рама поминала „во позитивен и братски дух“.




„Иднината на двете земји е во ЕУ. Предизвиците со кои се соочуваат двете земји се заеднички. Оваа фаза е многу тешка“, изјави Ахмети по средбата.




Ахмети денеска во Тирана се сретна и со албанскиот претседател, Бајрам Бегај.

error: Content is protected !!