Генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров, претходно шеф на кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска, денеска се пресметувал со обезбедувањето во институцијата, дознава „Република“.
Засега не се познати причините за инцидентот.
Во моментот очекуваме одговори од СВР Скопје дали нападот бил пријавен и дали реагирала скопската полиција.
Глигоров на јавноста му стана познат откако побегна од новинарските прашања, кога Арсовска го испрати него да прочита изјава за блокадите и хаосот со јавниот превоз, а таа не се појави на прес-конференција.
Арсовска: Усје во Кисела Вода испушта три пати над дозволеното штетни честици, граѓаните не смее да се жртва на профитите на неколкумина
Цементарницата Титан Усје испуштала голема количина на штетни честици кои допринесуваат кон нарушување на квалитето на амбиенталниот воздух во Скопје, рече на вонредна прес конференција градоначалничката Данела Арсовска.
„Мерењата се извршени во два наврати и тоа на 26 и 27-ми декември и на 3-ти и 4-ти јануари оваа година. И во двата наврати измерени се пречекорувања во испуштањето на штетните гасови и честици кои го загадуваат амбиенталниот воздух“, изјави Арсовска.
Во декември измерени биле три пати повеќе ПМ10 честици во атмосферата, а слични резултати се добиле и при мерењата извршени на почетокот на овој месец.