Страотна сообраќајна несреќа, на патот Штип – Радовиш: Итно се префрлени во болница сите повредени

На 31.08.2022 во 16.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресен пат Штип – Радовиш кон с.Лакавица се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Ѓ.(40) од Скопје, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со пробиштипски регистарски ознаки управувано од Д.Ј.(26) од Свети Николе и товарно моторно возило „фиат дукато“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Љ.К.(53), велат од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.Ѓ., а со телесни повреди се здобиле сопатникот од возилото „опел“ Д.Н.(20) од Штип и Д.Ј. констатирани во Клиничката болница во Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Извадок на дел дневните настани 01.09.2022

На 31.08.2022 во 21.35 часот на ул.„Аминта Трети“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р.(27) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница поради бегство од Казнено-поправната установа затвор Идризово- Скопје и за доиздржување затворска казна од четири години и 11 месеци, а бил осуден на казна затвор од 10 години и седум месеци за сторени кривични дела по член 236, член 242 и член 288 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворската казна.

На 31.08.2022 во 12.50 часот на подрачје на Центар во Скопје, полициски службеници од тим Потраги од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода А.П.(42) од Скопје. Тој бил барал со централна потреница за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука“ казниво по член 377 од Кривичниот законик. Лицето било предадено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

На 31.08.2022 во 19.45 и 22.00 часот, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи-Одделение за внатрешни работи Аеродром и Драчево ги лишиле од слобода М.Ж.(19) и Ф.Г.А.(27), двајцата од Скопје. При претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, биле пронајдени 15 брендирани очила и други предмети кои потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ која ја извршиле во оптика во трговски центар на подрачје на Аеродром на 20/21.08.2022. Исто така, при претресот кај Ф.Г.А. биле пронајдени и 64 пакувања со прашкаста материја, марихуана и дигитална вага.Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 01.09.2022 во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода И.Е.(61) од Велес. при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден рачно изработен пиштол со две цевки и 16 куршуми. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 31.08.2022 околу 19.30 часот во тетовски Порој, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 44-годишниот М.А. од ова село затоа што два дена пред тоа противпоравно одзел електричен тротинет на улица „Страшо Пинџур“ во Тетово, сопственост на 42-годишен тетовец. Тротинетот му бил вратен на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против М.А. ќе следува соодветен поднесок.

На 01.09.2022 во 00.30 часот на подрачјето на Карпош, од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода малолетник од Скопје затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.09.2022 во 01.50 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Е.З.(35) од Штип. При преглед во возилото „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.08.2022 во 12.16 часот на Граничен премин „Табановце“, полициски службеници го привеле Л.Е.М.Ј.(30) од Шведска затоа што по извршена пасошка контрола и проверки во службената евиденција констатирано е дека возилото „бмв х5″ со шведска национална ознака, кое го управувал, евидира како украдено во база на податоци на Интерпол. Лицето и возилото биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

На 31.08.2022 во 15.50 часот во Полициската станица Струмица, од Медицински центар Струмица било пријавено дека со тешки телесни повреди кај нив бил донесен М.В.(28) од село Радичево, струмичко. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи на објект во изградба на ул.„Мајка Тереза“ во Струмица. Увид на местото извршиле екипа на СВР Струмица и трудов инспектор. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (31.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 230 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 68 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, 30 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. Изречени се 10 мерки за некористење сигурносен појас, 10 санкции за нерегистрирани возила, девет мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за користење мобилен телефон…

Во текот на вчерашниот ден (31.08.2022) на територијата на СВР Штип спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 86 возачи. Од нив едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 49 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 37 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

На 31.08.2022 во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„12-та Македонска Бригада“ и ул.„Илија Димовски-Гоче“ во Скопје, патничко моторно возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки управувано од Г.Т.(50) од Скопје удрило во велосипед управуван од малолетник од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 31.08.2022 во 16.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресен пат Штип – Радовиш кон с.Лакавица се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Ѓ.(40) од Скопје, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со пробиштипски регистарски ознаки управувано од Д.Ј.(26) од Свети Николе и товарно моторно возило „фиат дукато“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Љ.К.(53). Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.Ѓ., а со телесни повреди се здобиле сопатникот од возилото „опел“ Д.Н.(20) од Штип и Д.Ј. констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

На 31.08.2022 во 03.00 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на крстосница со кружен тек кај хотел во Кочани, Д.Е. (32) од Штип управувајќи мопед со прилепски регистарски ознаки паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

На 31.08.2022 во 08.10 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на регионалниот пат Берово-Струмица, на „Владимирска крстосница“, патничко моторно возило „фиат пунто“ со штипски регистарски ознаки управувано од С.С.(62) од Берово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Берово.

На 31.08.2022 во 11.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, Љ.А.(45) од Скопје пријавил дека на ул.„Христо Татарчев“ бил каснат од куче скитник.

На 31.08.2022 во 18.30 часот во Полициската станица Карпош, С.А.Т.(48) од Скопје пријавила дека на ул.„Иван Цанкар“ била касната од куче скитник.

На 31.08.2022 во 08.20 часот во Полициската станица Гази Баба, Н.К.(60) од Скопје пријавила дека на ул.„Финска“ била касната од куче скитник.

error: Content is protected !!