Естетските зафати и пластичните операции се своевиден моден феномен.
Оние кои ги практикуваат, ги користат за одложување на стареењето или разубавување, додека има и такви кои се против нив.
Сепак, се чини дека сè поголем е бројот на оние кои се каат за ваквата постапка, па одлучуваат да ги извадат силиконите и разните други филери од своето тело. За луѓето кои мислат дека природниот изглед е подобра опција, овие фотографии веројатно ќе им го потврдат таквото убедување.
Како што во последните неколку години бевме сведоци на сè поголем број жени кои својата убавина им ја препуштаат на естетските хирурзи, така во последните неколку месеци можеме да видиме дека сè поголем е бројот на жени кои се одлучуваат на отстранување на силиконите и другите вештачки материјали од своите усни. Изгледа дека повеќе на цена е поприродниот изглед на усните отколку силиконски пренагласениот.
Сè поголем е бројот на жени кои решиле да ги отстранат силиконите поради деформациите кои се јавуваат со текот на времето – поместување на силиконот или т.н. грутка во пределот на убодот од игла, но и поради здравствени проблеми. Сепак, сите жени на кои им биле отстранети силиконите од усните се согласуваат во едно – операцијата е ужасно болна и повеќе би сакале да не морале да се подложат на истата.
Доколку некогаш сте се прашувале како изгледаат усните по отстранувањето на силикони, новиот ТикТок тренд го има одговорот:
@iconicsweed #lips #beforeandafter #foryou #fördig #dissolvefiller ♬ Le Calin – 斌杨Remix