Црвена Звезда уште еднаш ја покажа својата моќ на домашен терен во Пионир салата (сегашна Александар Николиќ), но победата над Милано беше одбележана и од еден транспарент посветен на поранешниот член на првиот тим.
Популарните „Делии“ му испратија порака на првиот човек на македонската кошарка, Перо Антиќ, кој во изминатиот период се најде на мета на критичарите поради стајлингот на ракометниот спектакл во „Борис Трајковски“.
Антиќ се појави со дуксер на Црвена Звезда на репрезентативниот спектакл и наиде на доста непријатни коментари, па иако веќе даде објаснување во јавноста, сега доби поддршка и од Србија.
Навивачите на Црвена Звезда имаа порака за Перо и гласно го скандираа неговото име за време на мечот во Евролигата, кој на крајот заврши со резултат 92:68.
– Не те сакаат бидејќи си наш, најдобро е чувството да си звездаш. Перо Антиќ, – гласеше паролата на „Делиите“.