Бислимовски се пофали: Јас штедам, на работа не користев лифт до 5-ти кат, слабеам и не користам клима за ладење

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски вели дека институцијата во целост ги следи препораките од Владата за штедење на електрична енергија што од денеска стапија на сила.

-Денеска дојдов по скали на работа, имам проблеми со тежината и планирам да ја намалам. Како што гледате, светлото е ограничено, немаме пуштено ладење, така што апсолутно сите мерки коишто се за штедење ќе ги преземеме и тие се мерки коишто не ги презема само Македонија, ги преземаат и соседните земји, земји од ЕУ.

Сметам дека целата јавност треба малку посериозно да се однесува кон овие мерки за штедење, бидејќи во услови на цена на електрична енергија на берзите од 700-800 евра, мислам дека ниедна компанија не може нормално да работи со оваа цена особено, компаниите коишто имаат производен процес. Сметам дека и државата во овој дел ќе мора некако да им помогне од аспект на обезбедување на поевтина електрична енергија“, рече Бислимоски на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.

Тој нагласи дека РКЕ има анализи и постојано ги следи трговците за струја и прави мониторинг на пазарот.

„За првите шест месеци продажната цена на снабдувачите во нашата држава е пониска од набавната цена поради тоа што поголемите снабдувачи имаат договори коишто се направени по далеку пониски цени и поради тоа ја имаме таа ситуација. Некаде во јули или август ги немаме добиено податоците, но тоа што го добиваме од компаниите маржата се движи од 5 до 20 проценти, па некаде и 25 проценти, но се уште немаме добиено конечни податоци“, рече Бислимоски во одговор на прашање.

Тој посочи дека РКЕ не може да ги ограничи маржите за продажба на електрична енергија.

„Треба да ги следиме препораките коишто ги прави ЕУ која ќе определи одреден гап – максимум до каде што може да одат маржите и верувам дека тоа брзо, брзо ќе се случи и во нашата држава“, рече Бислиомски.

За обвинувањата дека ЕСМ ги продава ноќните вишоци по цена пониска од 50 проценти од пазарната, нагласи дека е добро што воопшто може да ја продаде денергијата која инаку ќе отидат во мрежата без пари.

„Ако не се продадат тие ноќни вишоци тие ќе отидат во мрежа без пари бидејќи поевтино е да отидат во мрежа отколку да го намалуваме производството на термоелектраните. И колку што знам тие вишоци се продаваат, беа од 2 наутро до 7 часот и тоа е еден пазарен продукт којшто не е баш интересен, бидејќи нашите фирми не работат од 2 наутро до 7 часот наутро и не може струјата да се складира. Затоа се продава негде каде што може да се продаде“, посочи Бислимоски.

Од утре поевтин бензин, Регулаторна ги соопшти новите цени

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ цената на бензините се намалува за два денара.

Информацијата ја соопшти првиот човек на регулаторното тело, Марко Бислимовски, на денешната прес конференција.

Со новиот ценовник бензинот БС-95 ќе чини 89,5 денари, а БС-98 ќе се продава по цена од 90 денари за литар.

Цената на дизелот останува иста и тој ќе се продава за 101,5 денари за литар.

Како дојде на функција:

Бислимовски претседател на Регулаторна, еве и кој друг влегува во комисијата

Марко Бислимовски е предложен за претседател на Регулаторната комисија за енергетика. На тоа место треба да го замени досегашниот Димитар Петров. Одлуката ја донесе денеска Владата на денешната седница.

Бислимовски и досега беше вработен во Комисијата како советник и има искуство во енергетската област. Освен него, за мандат како комисионери се предложени и Наташа Велљановска, Атанаско Тунески и Куштрим Рамадани. Од нив само Рамадани и досега беше дел од Регулаторната комисија, односно беше комисионер.

СКОПЈЕ ЌЕ ИМА ПАРНО, ЕСМ ЌЕ УПРАВУВА СО БЕГ ДОДЕКА ТРАЕ КРИЗАТА, РЕКОА ОД ВЛАДАТА, ЛИЦЕНЦАТА НА КОМПАНИЈАТА НЕМА ДА СЕ ОДЗЕМЕ

Државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) ќе управува со „Балкан енерџи груп“ (БЕГ) додека трае енергетската криза. Нема да ѝ биде одземена лиценцата на БЕГ и покрај најавите од Регулаторната комисија за енергетика. Од БЕГво четвртокот рекоа дека од 15 јануари нема да може да испорачуваат топлинска енергија, односно Скопје нема да има парно.

На денешната прес-конференција на вицепремиерот Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши и претседателот на Регулаторна комисија Марко Бислимоски беше кажано дека Владата донела одлука за прогласување на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија.

„Граѓаните ќе имаат парно греење. Донесена е Уредба со која се овозможува Владата преку ЕСМ да го стабилизира пазарот на топлинска енергија. АД ЕСМ денес потпиша Договор за набавка на електрична енергија со ТЕ-ТО до 31 јануари. За реализација на овој договор ТЕ-ТО ќе произведе дополнителни количини на топлинска енергија покрај електричната, со што ќе се овозможи континуирано, квалитетно и економски исплатливо снабдувањето во овој период“, рече министерот Бектеши.

Директорот на Регулаторна комисија Марко Бислимовски кажа дека ЕСМ ќе го менаџира целокупното финансиско работење на БЕГ за да има непрекината испорака на топлинска енергија на сите граѓани во Скопје.

„Во овој период преку ЕСМ на некој начин ќе се внесе еден вид принудна управа на БЕГ. До завршивање на грејната сезона цел бизнис ќе биде под целосно управување на ЕСМ“, кажа Бислимоски.

Министерите не одговорија конкретно на новинарските прашања зошто не им е одземена лиценцата на БЕГ иако вчера велеа дека не може државата да управува во криза со претпријатието, а потоа тие во мај да се вратат како ‘принцеви на бели коњи‘.

Директорот на БЕГ Димитар Кочовски кажа дека од утре скопјани ќе имаат парно, односно ќе испорачуваат топлинска енерегија затоа што е договорено ТЕ-ТО на одложено плаќање да им дава гас до обезбедување на ликвидност и до потпишување на договорот за деловно-техничка соработка меѓу нив и ЕСМ.

На новинарско прашање зошто ситуацијата не се реши побрзо и што се смени сега за да се постигне договор со БЕГ, вицепремеирот Фатмир Битиќи кажа дека другите страни во целиов процес станале поразумни.

„Се случи разговор на две страни кои се обидоа да станат поразумни. БЕГ и ТЕ-ТО ги најдоа сите можни начини како да бидат соработливи. Само во разговор може да се најде решение“, кажа Битиќи.

Мандатарот на новата Влада Димитар Ковачеевски за постигнатото решение околу снабдувањето со топлинска енергија на својот фејсбук профил напиша „Грижата за нашите сограѓани не е предизборен памфлет, туку преземање одговорност кога е најпотребно.“.

error: Content is protected !!