(ВИДЕО) Оџа стана хит: Заборави да го исклучи микрофонот пред спиење, а верниците не можеле да се воздржат од смеење
Верниците во еден град во Пакистан се нашле во вистински шок, кој набрзо го замениле со гласно смеење, кога од локалното минаре го слушнале гласот на својот оџа, како ни помалку ни повеќе, хрчи додека спие.
Најверојатно тој заборавил да го исклучи микрофонот по вечерната молитва или случајно го активирал разгласот, па така доцна во ноќта, наместо молитви, во етер се слушало неговото хрчење.
Жителите со неверување излегле на терасите од своите домови, а неколку од нив решиле и да го овековечат овој „поспан оџа“, па така ова видео стана глобален хит.
Засега не е позната реакцијата на оџата, и дали тој имал разбирање за шегата која дошла на негова сметка од страна на верниците.
Molvi sahab mic on kr k sogaye ??? pic.twitter.com/kjBypHqGZh
— Arnold Shalwar Nikkar (@dapakiguy92) February 17, 2021