Веќе 48 часа во Македонија главна тема е Тале Витанов и тоа како тој побара помош за себе и своите деца, а набрзо потоа се откри дека дел од работите кои ги кажал не се точни- односно тој се коцкал и не бил разделен со својата сопруга.
Сето тоа ги налути луѓето кои донирале, поради што многумина рекоа дека ќе бараат и правен начин како да ги вратат парите назад. Не толку за парите, колку за тоа што биле измамени.
Се огласи и сестрата на Тале, која пак кажа дека тој ја тепа својата сопруга, која е приморана да замине од дома, но потоа се враќа.
Се појави и фотографија на која тој се слика со џек-пот од 26.000 евра, кога бил добитен во 2019 година од машините за коцкање.
Оваа изјава ја открија Миа Костова и Стефан Лазаров, а познатиот јутјубер се одлучи да оди во Велес и да го побара Тале.
Не само што го најде, туку снимаше и видео, во кое Тале открива дека коцкал и ја тепал својата жена. Се што кажа погледнете на видеото кое започнува во 19 часот:
-Тале Витанов призна дека ја тепал жена му, дека се коцкал, ја затекнавме и жена му дома и добивме и од нејзе изјава…
Ваш несекојдневно видео… Почнува во 19:00