Катастрофални вести за Лазаров и Македонија: Еден од најдобрите играчи во АУТ – ќе дојде замена од Скопје









Катастрофални вести за Лазаров и Македонија: Еден од најдобрите играчи во АУТ – ќе дојде замена од Скопје




Македонија игра нов ракомет. Модерен ракомет. Многумина и не се навиканти на тоа, но јасно е дека Кирил Лазаров и тоа како знае што прави. Дали оваа Македонија ќе дојде до првата победа на СП ќе дознаеме на дуелот со Холандија, на кој ќе бидеме ослабени.




Македонскара ракометна репрезентација вториот дуел од Мундијалот во Полска, утре против Холандија ќе мора да го одигра без Томислав Јагуриноски кој се повреди вчера на премиерата против Норвешка.




Ова е веќе официјална информација потврдена од нашиот табор, а на негово место во составт влетува Давид Савревски.




Тој е еден од тројцата кои отпаднаа од списокот на Лазаров, заедно со Кизиќ и Цветан Кузмановски, но кој беше на готовс за да се врати во тимот во ваква ситуација.

error: Content is protected !!