НОВИТЕТ: Таткото ќе може да земе породилно во Македонија – еве ги деталите









НОВИТЕТ: Таткото ќе може да земе породилно во Македонија – еве ги деталите




Не се намалува породилното за мајките, туку четири месеци добива и таткото, изјави за Канал 5 министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.




„Тоа што се прошири по социјалните мрежи за кратење на породилното отсутво, тоа не е вистина, туку е шпекулација, односно нецелосно прикажување на новиот текст закон за работни односи, затоа што на мајката не и се скратуваат тие сегашни девет месеци, туку напротив се додаваат четири месеци како можност таткото да користи родителско отсутво заради раѓање на дете.




-Очекуваме во февруари да ни завршат овие јавни дебати околу текстот, да ги собереме предлозите, коментарите, тоа што е конструктивно и текстот да влезе во владина процедура, кој потоа ќе се прати во собраниска процедура“, изјави за Канал 5 министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.




Ваквиот пристап има за цел изедначување на улогата на мајката и таткото, односно мажот и жената во периодот на подигање на детето или децата.

error: Content is protected !!